Thursday, October 31, 2019

Образување на семе IX одд


Семе- поим, улога и расејување
             Seed                                    IX


Primary education 

1.Семе


     Семе е репродуктивен дел на растението  присутно само кај голосемните и скриеносемените растенија кое преживува неповолни услови од надворешна средина. Се развива од семениот зачеток, после оплодувањето.
Тоа претставува никулец на младото неразвиено растение, обвиено со посебна заштитна ципа и снабдено со развиени хранливи материи. Семето се издвојува од матичното растение и ако дојде до поволни услови, се развива во  ново растение.
Во однос на формирањето, тоа се формира од никулецот,ендоспермот и семеницата односно обвивката на семето која е кожеста обвивка и го заштитува семето од механички и други климатски влијанија.
Спрема видови хранливи ткива и место каде се наоѓаат се разликуваат:
  • семе со ендосперм  кај кои ендоспермот ја зафаќа главната маса, додека 'ркулец или никулецот е незначителен дел од семето.најраспростанет тип на семе; го имаат житарици,некои треви и сите голосеменици.
  • семе без ендосперм постои кај некои дикотилни растенија. Кај овој тип на семе ендоспермот целосно се потрошува за развој на никулецот, и резервните хранливи материи се собираат во котиледоните, кои стануваат месети и дебели.

На сликата е прикажана разликата помеѓу семе кај монокотилно и
дикотилно растение, и разликата во растењето на семето.























1.1 Делови на семето


По оплодувањето од семеновиот зачеток се образува семе.Зрелото семе е составено од:
  • семеница- цврста сува обвивка што го обвиткува и штити никулецот или ембрионот и ендоспермот од повреди и надворешни влијанија, се состои од повеќе слоеви и може да има различни додатоци. На семеницата јасно се препознава местото каде  било прикрепено за дршката и е наречено папок или хилум, блиску има мал отвор наречено микропиларно отворче низ кој влегува вода во семето
  • никулец(ембрион)  се наоѓа под семеницата и  е најважен дел на семката и претставува младо и сеуште неразвиено семе, негови главни делови се: зачеток на коренче, зачеток на стебленце и едно или две ембрионални листови или котиледони во зависност од типот на ратсението дали е моно или дикотилно.


Ембрионот кај повекето скриеносемени растенија е составено од ембрионално коренче, ембрионално стебленце, ембрионални листови(котиледони) и ембрионална пупка. Кај други како кај житните растенија за време на зреењето на семето во ембрионалната пупка се формираат и зачетоци на листови, облиот големината на ембрионот е различна кај различни растенија. 
Кај семињата без хранливо ткиво или ендосперм пр. дикотилни растенија ембрионот го исполнува целото семе, а резервните материи се складирани во котиледоните. 
  • хранливо ткиво или ендосперм кое содржи резервни хранливи материи кои служат за развиток и исхрана на никулецот.

1.3 Расејување на семето 


   Биолошкото значење на расејувањето на семето е големо, бидејќи со расејувањето се  обезбедува на определен вид растение, и она што е значајно на просторот непосредно до самото матично растение може да се развие само мал број на растенија, што условува негово распространување во животната средина.
Расејувањето го овозможуваат различните физиолошки својства, различните додатоци на семињата, а е потпомогнато од различни фактори: вода, ветер,животните, човекот. Постојат растенија кои самите го расејуваат своето семе. Тие тоа го прават на тој начин што нивните зрели плодови, благодарение на посебната анатомска градба, имаат спососбност да се отворат и да го исфрлат семето на извесна и често голема одалеченост од матичното растение.

Семињата се расејуваат со помош на ветерот,  тоа се на пр. семиња кои се мошне ситни што им овозможува лебдење во воздухот, обично ваквите семиња се обезбедени со различни додатоци  во вид на влакненца и крилести исрастоци. Расејувањето може да биде и со животни, тоа е кај семиња кои имаат способност да се закачат или залепат за некое животно со што се пренесуваат на поголеми далечини, водените растенија своите семиуња ги расејуваат со помош на водата, и.т.н.










Едукативно видео за семе.





2. Плод

    Во морфолошка смисла под полод се подразбира преобразен плодник во кој се сместени семките. Но меѓутоа бидејќи плодот може да се форира и од други делови на цветот служи за расејување на семињата и неговата дефиниција би била:
 Плодот е орган кој по оплодувањето се развива од плодникот и другите цветни елементи што го одржува распространувањето и одржувањето на семињата.

    Според некоја поделба плодовите кои се образуваат од плодникот се вистински плодови, а они кои учествуваат и други делови се лажни плодови, (пр. кај јагодата учествува и цветната ложа, кај црница и цветната чашка)
Плодот е соствен од ѕид и внатрешна празнина во која се наоѓаат семињата . Ѕидот на плодовите е најчесто претставен со ѕидит на плодницата и е наречен перикарп, обично во перикарпот се разликуваат три слоја:
  1. надворешен - егзокарп кој е претставен од надворешен епидермис на перикардот и  е тенок и кожест
  2. среден- мезокарп кој  е најдобро развиен слој на перикарпот и кај различни плодови има различна коегзистенција.
  3. внатрешен - ендокарп  исто е тенок и кожен но кај некопи плодово е дебел и дрвенаст пр. праска, кајсија, вишна.



Во внатрешната празнина се сместени семињата кои се сместени за работ на карпелите кои го образуваат плодникот, и обликот и големината на плодот е различна.
Најчесто поделбата е врз основа на морфо-еколошките особини, од кои цветни елементи се образуваат или како ги ослободуваат семките. 
Најчесто се поделени во две групи:

  1. прости плодови 
  2. сложени плодови
Простите плодови се образуваат од еден плодник и може да се суви и месасти или сочни плодови.
Сложените плодови се обарзуваат од два и повеке плодници и може да се збирни и плодви создадени од соцветија.

Tuesday, October 29, 2019

Скелетен систем кај човек VIII одд.


Движење заемна активност на коските и мускулите
Скелетен систем кај човек
                             Human skeletal system                     VIII 


Primary education

    Скелетниот систем е дел од организмот што го сочинуваат неговите најцврсти  составни делови: коските, 'рскавиците, тетивите  и лигаментите, поврзани  во една целост што ја викаме скелетен систем. 

Системот е комбинација од повеќе ткива, заедно со крвните садови и нервите. Коските се поврзуваат со други коски со зглобни површини. Најважниот дел од скелетот секако се коските , кои вкупно во костурот ги има 206, од кои 170 двојни и 36 единечни. 
Коските или ossa(коска - os) се најцврст дел од скелтот, а се состојат од  главно коскено ткиво собрано во форма на компактна сунѓераста супстанца. 'Рскавиците (cartilago) се помек дел од скелетот, врските или лигаментите се најмек дел од скелетот кои се градени од сврзно еластично ткиво.


Градба на коска

    Коските имаат мазни  рамнини само на зглобовите, а преостанатите површинии се претежно нерамни , на нив се забележуваат различни израстоци, глуждови, линии, канали, вдлабнатини што ги создале разните мускули, тетиви, лигамнети, крвните садови и нервите. 
Тие може да бидат плочести(ребра, череп), долги коски (коские на рацете и нозете), неправилни коски (пршлени).

Коската е градена од компактно ткиво(вистинска) коска, која е тврдо ткиво, и сунѓераста коска , во која има празни простори, таму се наоѓа коскената срцевина, а исто  сунѓераста коска имаме и на краевите на долгите коски. Коските соджат два типа на коскена срцевина, црвена коскена срцевина што се наоѓа во краевите на  долгите коски и во средината на другите коски и создава крвни клетки - еритроцити, и жолта коскена срцевина, главно составена од масти сместена во каналот на долгите коски.
Од надвор коската е покриена со обвивка наречена покосница, каде има клетки кои се делат и се неопходни за созадавање на коската, не само за растењена коската туку и за заздравување на скршениците. На долгите коски разликуваме секогаш два краја или епифизи, и  и еден среден дел или дијафиза.

Главните функции на коските се:
  • цврста основа на целиот организам
  • заштита на внатрешните органи
  • резервоари на соли на калциум
  • создаваат крвни клетки
Кај ембрионот повеќето коски се составени од рскавици, преобразувањето на рскавично во коскено ткиво почнува до средината на коската кон краевите, со  што коските растат во должина, овој процес трае од 13-20 години.

Хемиски состав на коските
2/3 осеин                          кај деца
1/3 минерални соли   
2/3 минерални соли           кај возрасни
1/3 осеин
 осеин-протеин(дава еластичност)
 минерални соли (дава цврстина)    CaCO3   CaPO4

        Кај децата коските се помеки но поеластични заради поголемо присуство на осеинот. Кај возрасните коските се поцврсти но помалку еластични заради поголемо количество на минерални соли за сметка на осеинот.

Поделба на скелтот  

Едукативно видео за скелетен систем



Скелтот главно е поделен на 
  • аксијален скелет -80  коски. Тоа се череп, 'рбетен столб и граден кош
  • апендикуларен скелет - 126 коски. Тоа се раменски појас со горни екстремитети и карличен појас со долни екстремитети.
I) Аксијален скелет


АКСИЈАЛЕН СКЕЛЕТ


1. Скелет на глава - череп



Краниумот - делот од черепот што го затвора мозокот - понекогаш се нарекува мозочно куќиште.Опсегот на капацитетот на черепната празнина е широк, но не е директно пропорционален со големината на черепот, бидејќи има варијации и во дебелината на коските и во големината на воздушните џебови или синусите. Кранијалната празнина има груб, нерамен под. 
Краниумот го формира целиот горен дел од черепот, а коските на лицето се наоѓаат под неговиот преден дел. Се состои од релативно малку големи коски, фронтална- челна коска, сфеноидна коска, две темпорални - слепоочни коски, две париетални - темени  коски и окципитална - тилна коска. Фронталната коска лежи во основата на регионот на челото и се протега назад до короналната шиење, заоблена линија што ја дели фронталната коска од двете париетални коски, на страните на черепот. Напред, фронталната коска формира спој со двете мали коски на мостот на носот и со зигоматичната коска (која е дел од јаболчната коска; види подолу 
Коските на лицето и нивните сложени функции), сфеноидот -  клинеста   и максиларниот - горно вилични  коски. 
Помеѓу носните и зигоматичните - јаболчни  коски, хоризонталниот дел од фронталната коска се протега назад за да формира дел од покривот на очниот отвор или орбитата; на тој начин врши важна заштитна функција за окото и неговите дополнителни структури.



2. Граден кош

 (12 пара ребра. 7 вистински директно се поврзуваат со градната коска преку 'рскавица, 8,9,10 се лажни ребра се поврзуваат со иста 'рскавица и последните 2 пара се пливачки и не се поврзани со градната коска.



3. 'Рбетен столб 
  
'Рбетниот столб е составен е составен од пршлени. Децата имаат 33 -34 пршлени, а со растењето на коските долните делови се спојуваат, па кај возрасните има 26 пршлени. Секој пршлен (vertebrum)  има тело на пршленот кој е држач, мешу пршлените има 'рскавица која овозможува движење на 'рбетниот столб. 'Рбетниот столб е поделен на региони:

  • вратен со 7 пршлени
  • граден со 12 пршлени
  • слабински со 5 пршлени
  • крстен со 5 пршлени 
  • опашен со 3-5 пршлени
Крсните пршлени кај возрасните сраснуваат во
една коска наречена крст
(os sacrum).
        










II. Апендикуларен скелет


1. Раменски појас со горни екстремитети
2. Карличен појас или карлица со долни екстремитети.



АПЕНДИКУЛАРЕН СКЕЛЕТ




КАРЛИЧЕН ПОЈАС СО ДОЛЕН ЕКСТРЕМИТЕТ




















РАМЕНСКИ ПОЈАС СО ГОРЕН ЕКСТРЕМИТЕТ




















Зглобови и зглобно поврзување

Зглобот е место на поврзување на две или повеќе коски. Се поделени врз основа на начинот на спојување и подвижноста.
  • подвижни зглобови меѓу коските има празен простор наречен зглобна површина, во која има малка количина на течносст т.н. синовијална течност која овозможува зглобот да биде постојано влажен и да се спречи триење на двете поврзани коски.
  • неподвижно зглобување т.н. Шев се зглобувања на коските на черепот и лицето освен долната вилица која е подвижна
  • полуподвижно зглобување, каде коските  во зглобовите се поврзуваат со 'рскавица тоа се поврзување меѓу меѓу карличните коски и поврзувања меѓу телата на пршлените.
Зглобовите имаат огромна улога во движењето. Затоа тие со скелтот се викаат локомоторен систем кај човекот.
















Според функцијата  поделбата  на зглобовите е следна:


1.Валчест зглоб
Овој зглоб овозможува свиткување и испружување. Пример за таков зглоб е лакотниот зглоб или наречен висечки зглоб.
2.Ротационен зглоб
​Овој зглоб овозможува вртење кон лево и кон десно- исто во лакотниот зглоб лакотната коска е речиси статична, додека палечната коска е таа што се врти и овозможува вртење на подлактицата.
3.Топчест  зглоб
​Составен е од чашка и јаболко- овозможува движење во сите правци. Ваков зглоб е раменскиот и колкот.
4. Елипсовиден зглоб - Сличен е на претходниот и овозможува приближно ист опсег на движења. Пример за елипсовиден зглоб е зглобот на шаката (карпалните коски со палечната и лакотната)
​5. Седлест зглоб.
​Ваков е зглобот на палецот од раката, кој може да се движи во сите правци но со ограничена ротација.
6. Рамен зглоб
​Во него коските се поставен една врз друга без можност за движење. Така се поврзани коцкастите карпални коски, задодилните коски и клучната коска со лопатката.
Едукативно видео-  зглобови. 




Monday, October 28, 2019

Растителна и животинска клетка VII одд


Клеточна градба на живите организми
Cellular construction of living organisms   VII

Primary education

     Градбата на сите живи организми, се разгледува од едноставните кон посложените нивоа. Секој жив организам има клеточна структура. Клетка претставува основна составна единица на секој жив организам. Таа е единствената структура што ги покажува сите каректреистики  на животот: растење, осетливост, размножување и.т.н.
Деталните проучувања на клетките почнале пред повеќе од 350 години со пронаоѓањена микроскопот од страна на Ентони ван Левенхук(Antony van Leeuwenhock). 
   Клетките се делат според најразлични критериуми,постојат животински и растителни клетки, клетки кои ги градат животинските и растителните организми. Но основната поделба е на  прокариотски клетки кај бактериите и еукариотски клетки, клетките на растенијата, животните и човекот.

1. Животинска клетка


  • Клетката е изградена од клеточна мембрана, цитоплазми и органели
- Однадвор клетката е обвиткана со клеточна мембрана.Клеточната  мембрана е многу важна, бидејќи таа одредува што може да влезе, а што да излезе од клетката.
Цитоплазмата е полутечна маса со зрнеста структура, изградена од вода и растворени хранливи материи. ВО цитоплазмата се вршат животните функции на клеката ии во неа се сместени клеточните органели. 
 Јадро - најголема оранела и е наречен контролен центар на клетката, односно ги контролира сите процеси кои се случуваат во клетката.
 Митохондрии - мали но многу важни органели во клетката. Тие имаат топчест изглед, и во нив храната се претвара во енергија,поребна за самата клетка и за самиот организам.
 Рибозоми - ситни телца се наоѓаат во цитоплазмата или на површината на ендоплазматичниот ретикулум, учествуваат во созадавњето на протеини во клетката.
 Ендоплазматичен ретикулум -  секогаш се наоѓа веднаш до јадрото и претсавува еден систем од канали или цевки созадавајќи мрежа во цитоплазмата.
Развитокот, растењето,заздравувањето на повредите и зголемувањето на телесната тежина на еден организам се објаснува со зголемување на бројот на клетките. За таа цел клетките се размножуваат т.е. се делат. 


                             2.  Растителна клетка  


     Во поглед на градбата клетката е многу сложен систем, истото важи и за животинската и за растителната клетка.
Растителната клетка ги гради растителните организми. Основни делови на растителната клетка се клеточниот ѕид кој претставува нежив дел протоплазма односно жив дел во чиј состав спаѓаат, цитоплазмата  и клточните органели кои имаат различни функции.

    Клеточниот ѕид е цврста и едноставна обвивка која ја покрива и на тој начин заштитува  секоја растителна клетка.Клеточниот ѕид ја определува формата на клетката, галвна состојка  е шеќерот наречен целулоза која претставува основна скелетна супстанца на клеточниот ѕид. Клеточниот ѕид се карактеризира со целосна пропустливост, што условува водата и растворените материи лесно да се пренесуваат преку т.е низ клеточниот ѕид.
 Веднаш до клеточниот ѕид се наоѓа клеточната мембрана која ги има истите функции како и кај животинската клетка.
   Вакуолите се органели на растителната клетка. Тоа се простори во цитоплазмата ограничени со мембрана, се исполнети со растворени органски и неоргански соединенија во вода. Растителната клетка може да има една централна вакуола или повеќе вакуоли.
     Палстиди -  Пластидите се постојани клеточни органели, каракатеристични за растителните клетки. Според пигментацијата, тие се поделени на три различни групи:
 Леукопласти
 Хлоропласти
 Хромопласти.
Леукопластите се безбојни пластиди, не содржат пигменти, имаат топчеста форма, имаат можност да складираат хранливи материи и повеќе се присутни во клетките на подземните органи кај растенијата. Тие на светлина може да преминат во хлоропласти, односно да позеленат.
Хромопласти се пластиди кои ги има во цветот и во плодот, може да имаат различна боја, жолта, црвена или портокалова. Хромопластите може да се развијат од леукопластите и хлоропластите.
Хлоропластите се зелени пластиди, кои се сретнуваат во надземните органи кај растенијата, давајќи им на истите зелена боја поради присуство на пигмент хлорофил. Важни органели кај растителната клетка кои се потребни за процесот на фотосинтеза.

Кај растителната клетка исто така среќаваме, јадро, митохондрии, ендоплазматичен ретикулум, рибозоми како кај животинската клетка и тие ги имаат истите функции како кај животинската клетка.


Едукативно видео за растителна и животинска клетка:



Како се подготвува препарат за микроскопирање и како  можеме да видиме една клетка на микроскоп.
Погледнете го едукативното видео за микроскопирање.


Видео за клетка. Кликнете ТУКА.

Видео за растителна и животинска клетка. За да го погледнете видеото кликнете ТУКА

Tuesday, October 22, 2019

Полен, опрашување и оплодување IX одд.



Полен, опрашување и оплодување
Pollen, pollination and fertilizatio    IX


Primary education 


     Полен е назив за ситниот и најчесто фин прав, составен од машки гаметофити (поленови зрна) кај голосемените и скриеносемените растенија. Поленовите зрна настануваат во микроспорангиумите (кои кај скриеносемениците се наоѓаат во прашниците). Процесот на создавање на поленот започнува во поленовите кесиња, многу порано пред отварање на цветната пупка.Поленовите зрнца се толку ситни што едвај се гледаат со голо око, но добро можат да се видат под микроскоп. Всушност, ако ги набљудуваме под микроскоп, ќе забележиме дека поленовите зрнца на секој одделен вид растение имаат уникатна големина и форма. Важно е дека, поради специфичните обележја на секој вид полен, цветовите го препознаваат само поленот од својот сопствен вид. Создавањето на поленот е сложен процес кои се сотои од т.н. две фази едната е наречена микроспорогенеза со која се формираат микроспори, и микрогаметогенеза со која се создаваат машки гамети,  со чие формирање поленовото зрно е зрело и спремно за да изврши оплодување.


Опрашување 


   Под поимот опрашување се подразбира пренесување на поленовите зрна од прашниците до устенцето на толчникот. 
Опрашувањето може да се изврши на повеќе начини, но во основа се разликуваат 2 начина:
  • самоопрашување
  • вкрстено опрашување



Самоопрашување
настанува така што поленот се пренесуваод прашниците на точникот на истиот цвет. Тоа може да се изврши само кај двополови цветови кај кои прашниците и толчникот созреват во исто време и ако се приспособиле за тоа со својата градба. Самоопрашувањето биолошки не е корисно за растенијата бидејќи ја исклучува можноста за вкрстување на единките кои живеат во различни услови.

Вкрстено опрашување се сретнува почесто кај растенијата. Тоа се состои во пренесување на поленот помеѓу два цвета на една индивидуа или на две индивидуи. 
Според тоа на кој начин се пренесуваат поленовите зрна, разликуваме три вида на опрашување:
  • со ветер - се опрашуваат оние растенија со ситни и неугледни цветови,  без венечни ливчиња и создаваат огромен број на поленови зрна
  • со животни - се опрашуваат најголем број на растенија тоа се врши со помош на инсекти и птици колибри, ноќни пеперутки и лилјаци
  • со вода - се опрашуваат водените растенија.

 Оплодување  


Образување на машки полови клетки - машки гаметофит /микрогаметофит

Јадрото на поленовото зрно се дели на две јадра и на тој начин во поленовото зрно се создаваат две клетки.
Едната клетка е поголема и е наречена вегетативна,а другата е помала и се вика генеративна клетка.
Генеративната клетка понатаму се дели уште на две клетки-спермални клетки,кои се способни да извршат оплодување. 

Образување на женска полова клетка-женски гаметофитм макрогаметофит

Клетката мајка на ембрионалната торбичка во плодникот ,се дели на 4 клетки кои се во една низа.Трите клетки закржлавуват и исчезнуваат,а четвртата се развива во ембрионална торбичка.
Младата ембрионална торбичка има едно јадро кое се дели најпрво на две,а потоа секое од нив на уште четири,кои се наоѓаат на горната и долната страна.
Од секоја група јадра се издвојува по едно јадро кои постепено се приближуваат кон средината на ембрионалната ќеса каде се спојуваат во т.н секундарно јадро на ембрионалната ќеса или централно јадро.
На двете страни од ембрионалната ќеса сега се наоѓаат по 3 јадра околу кои се собира протоплазма и се образуваат 3 клетки.
Трите  клетки се нарекуваат антиподи,а другите три клетки го градат јајниот апарат.
Во јајниот апарат средната клетка е поголема и се развива во јајна клетка,а другите две се нарекуваат клетки помошнички или синергиди.


















По опрашувањето следи оплодување. Поленовото зрно ке падне на устенцето се навлажнува и почнува да 'рти. Се создава едно цевче кое се пробива внатре низ столбчето на толчникот. Оваа поленова цевка се пробива со врвот до семеновиот зачеток кој се наоѓа во плодникот. Како расте поленовата цевка така низ неа се движат машкте полови клетки кои се три една вегетативна и две спермални клетки. Кога поленовата цевка  ќе допре на ембрионалното ќесе се отвара на врвот и од неа излегуваат двете спермални клетки а вегетативната дегенерира или изумира. Тогаш со едната спермална клерка се оплодува јајната клетка, и подоцна ќе се добие зачеток(емброн), а другата се пробива во долниот дел и од неа ќе се добие хранливо ткиво за идната семка наречено - ендосперм.Бидејќи во оплодувањето учествуваат две спермални клетки процесот се вика двојно оплодување или double fertilization.




Едукативно видео за оплодување 



Едукативно видео за полово размножување кај растенијата  кликнете тука.

Monday, October 21, 2019

Осетливост на растенијата на дразби VII одд.



Осетливост на растенијата на дразби

Sensitivity of plants   
VII 

 Primary education

     Погрешно е мислењето дека растенијата за разлика од животните не се движат. И растенијата како и животните изведуваат извесни движења. Кај вишите растенија, главно, се движат нивните органи или целото тело(хабитус), но, тие движења се такви што се врши виткање, вртење или наведнување , но не и менување на нивната местоположба. Тие движења се гледаат како отворање и затворање на цветовите кај некои растенија, вртење на сончогледот спрема сонцето, ориентирање на листовите спрема светлината, виткање на младиот корен при 'ртење(никнување) кон земјата, а стеблото кон воздухот и.т.н. Сите овие движења можат да се групит=раат како тропизми и настии.

Тропизми


     Кај некои растенија правецот на движење е определен со правецот на дразбата, таквите движења се наречени тропизми.

Ако движењето се изведува кон изворот на дразбата, тогаш се зборува за позитивен тропизам, а ако движењата се изведуваат во спротивен правец од изворот на дразбата  тоа е негативен тропизам.


TROPISM
Plant growth or turning in response to an environmental stimulus


Постојат повеќе типови на тропизми во зависност од типот на дразбата или стимулот.
  • Фототропизам-осетливост на светлина
  • Геотропизам- осетливост на гравитација или земјина тежа
  • Тигмотропизам - осетливост на допир
  • Хидротропизам - осетливост на влага
  • Хемотропизам - осетливост на квалитетот на почва
  • Термотропизам - осетливост на топлина                                                           



1. Фототропизам


    Фототропските движења или виткања на листовите и стеблата имаат големо значење за растенијата, додека кај корењата тие се ретки и незначителни. Фототропизмот  на лситовите  е честа појава и од него зависи процесот на фотосинтеза. Благодарение на овие движења листовите  завземаат таква положба која им овозможуванајдобро да ги примаат сончевите зраци.


Овие движења се изведуваат со виткање на лисните дршки, при оа листовите се насочуваат кон кон сончевите зраци и се распоредуваат на растојание едни од други како не би си правеле сенка едни на други. Ваквите движење се наречени позитивен фототропизам. Стеблата кај растенијата имаат исто позитивен фототропизам. Како се остварува оваа движење? Фототропизмите настануваат како резулат на нерамномерно растење на осветлените и неосветлените делови  на растението. Во случај на позитивен фототропизам осветлените страни на стеблото интезивно се издолжуваат со што настанува искривување кон светлината, причината за ваквото нееднакво растење на растението е хормонот ауксин  кој , како „бега“ од осветлената страна на растението, односно на осветлената страна ауксинот помалку се расподелува, а на неосветлената страна повеќе и таму предизвикува поинтензивно растење.

2. Геотропизам


Кога се зборува за геотропизам се мисли на движење на коренот и стеблото во однос на силата на Земјината тежа.Корените имаат позитивен геотропизам, за разлика од стеблата кои имаат негативен геотропизам. Затоа при 'ртењето  на семката како и да ја поставиме во почавата, коренчето се свиткува кон правецот на Земјината тежа, а стебленцето во спротивен правец, понатаму во растот на коренот и стеблото имаат геотропен правец на растење. И геотропизмот слично како и фототропизмот е резултат на нееднаков распоред на хормонот ауксин и нееднакво растење на горните и долните страни на коренот и стеблото.



                                              3.  Хидротропизам


   Хидротропизмот е ориентација на коренот кон изворот на вода.Процесот ја прави кореновата капа(почетен дел на кореновите влакненца со детекција на водените молекули и испраќање информација до зоната за издолжување во коренот. Ауксините и овде имаат клучна улога во  вртење на коренот кон изворот на вода или пак и на водена пареа. Принципот на дејствување  е ист со свиткување на едната страна на  коренот со поинтезивен или побрз раст во однос на другата страна со што коренот се усмерува кон дразбата. Тоа што растењето е подобро во важна почва е резулатат на хидротропизмот кој постои кај растенијата.




                                                                  3.     Тигмотропизам


Тигмотропизмот е способност на за искривување и обвиткување кој се јавува као резултат на дразбата допир. Тигмотропизам настанува кога ратстенијата растат на ѕид, решетка, колец од различен материјал. И кај овие дразви одговорен е хормонот ауксин кој се зголемува кај клетките кои не ја допираат површината на дадениот предмет при што оваа недопрена страна побрзо расте што условува  закривеност кон допирачкиот предмет.


Интересна е реакцијата на растението мимоза која ги собира листовите при допир .                                                   
 







   
 Венерината муволовка (lat. Dionaea Muscipula) е најпознатото растение месојад во светот. Расте во САД, во државата Каролина, и тоа во мочуришни подрачја кои се постојано влажни и на директно сонце. Токму такви услови треба да обезбедите и во домот, директно сонце и постојано влажна почва.Без разлика што стапицата на муволовката ве фасцинира, држете ги прстите подалеку од неа. Не затоа што може да ве гризне, туку затоа што ќе ја изложите на непотребен стрес. Со секое затворање стапицата троши голема количина на енергија која очекува дека ќе ја обнови кога ќе го улови пленот.




















Други движења кои постојат кај растенијата се настии. Овие движења на растениата не зависат од правецот на дразбата и секогаш се еден правец. правецот на настиите зависи од градбата на органите. Вакви движења се забележуваат кај цветовите на растенијата, кога на пример дење се отвараат а ноќе се затвараат.

Едукативно видео за дразби и движења кај растенијата.