Мускулен систем - мускули, видови, градба и функција
Muscular system VIII
Primary education
Мускулниот систем заедно со скелетниот систем учествува во движење на организмот. Освен тоа овој систем учествува во
- исхрана
- дишење
- циркулација
Мускулите за коските се сврзуваат со сврзно ткиво кое е наречено тетиви, врската со нервниот систем е остварена со тоа што секој мускул е инервиран со посебни нервни влакна, еден мускул може да врши еден тип на движење, па затоа мускулите се здружени во функционални групи кои дејствуваат антагонистички или еден мускул спротивно на друг, пример ако еден мускул ја испружа раката друг соседен мускул ќе ја свиткува раката.
Мускулното ткиво е изградено од мускулни клетки со чија сообразена работа се овозможува движењето на одделни делови или на целото тело на човекот.
Мускулните клетки што ги градат мускулните ткива, кои според своите особини, може да се поделат на следниот начин:
- Скелетна мускулатура или напречно-пругасто мускулно ткиво кој заедно со делови на сврзното ткиво, како што се тетивите го овозможуваат движењето на организмот. Овој вид ткиво се контрахира само под влијание на волјата, па затоа уште е познат и како свесен (волев) мускул.
- Срцева мускулатрура или срцево мускулно ткиво кој го сочинува најголемиот дел од срцето и е наречен миокард.
- Мазна мускулатура или мазно мускулно ткиво или мускули на внатрешните органи кои влегуваат во градбата на ѕидовите на внатрешните органи (со исклучок насрцето). Пример за мазни мускули се мускулитe што овозможуваат движење на храната и другите материи по должина на дигествниот тракт, потоа мускулите во крвните садови, каналите што ја пренесуваат мочта од бубрезите и др.
Главни функции на мускулниот систем се:
- Движење на тело (Локомоција)
- Одржување и држењето на телото
- Дишењето - дијафрагма и меѓуребрените мускули
- Комуникација (вербална и лицева)
- Констрикција на органи и садови - перисталтика на цревниот тракт - ширење и стеснување на крвни садови
- Срцева работа
- Производство на телесна топлина
Особини на мускулниот систем:
- Осетливост: капацитет на мускулите да реагираат на нервен импулс.
- Контракција: способноста на мускулот да ја скрати и да ја зголеми силата на влечење.
- Расширливост: мускулите можат да се протегаат назад до нејзината вистинска должина.
- Еластичност: способноста на мускулите да се вратат на оригиналната должина на мирување по истегнувањето.
Факти за мускулниот систем:
1. Колку мускули има во човечкото тело?
640 и опфаќаат 40% од масата на телото.
2. Кој е најдолгиот мускул во телото?
muscul sartorius - кројачки мускул долг тенок површен мускул од карличен појас до подколеницата.
3.Кој е најмалиот мускул во телото?
muscul stapedius - ушен мускул сместен во средно уво
4. Кој е најголемиот мускул во телото?
Gluteus maximus - седален мускул тргнува од крилото на бедрената коска и одкрсната коска, а завршува на задната страна од бутот.
Поделба според форма и функција на мускулите:
Форма: Функција:
1. вретеновидни (раце и нозе) 1.флексори(превиткувачи)
2. плочести (стомак и грб) 2.екстензори(испружувачи)
3. лентовидни (врат) 3. аддуктори(приближувачи)
4. кружни(око, уста) 4. абдуктори(одалечувачи)
5. свинктери(внатрешни органи) 5. елеватори(кревачи)
6. депресори(спуштачи)
Каректеристики на скелетните - напречно-пругастите мускули
Кога се гледаат под микроскоп скелетните мусклни клетки се долги и кончести, поради тоа се наречени - муслулни влакна.Овие клетки се со повеќе јадра, и поради присуството на пруги имаат пругаст изглед па затоа се наречени напречно-пругасти мускули.
Во создавањето на мускулите, мускулните влакна се собираат во снопови, кои се обвиткани со сврзно ткиво. На кревите имаат сврзно ткиво наречено тетива со која се поврзуваат за коските.
Слично како и кај секоја клетка , и мускулните влакна покажуваат осетливост односно реагираат на дразба, до секое мускулно влакно доаѓа нервен завршеток кој ја прима дразбата и ја пренесува до ЦНС. Од таму се враќа одговорот на дразбата на која мускулот реагира со стегање или олабавување.
Друга особина е контракција тоа е способност на мускулното влакно да се скрати и менување на обликот, ваквата измена е овозможена со присуството на два вида протеини во мускулното влакно наречени актин и миозин.
За својата активност мускулите бараат големо количество на енергија која се добива со дишење или согорување на хранливите материи во клетките.
Напнатоста на мускулот се вика мускулен тонус.
Механичката работа
всушност е потрошена енергија. Енергијата е неуништлива и таа само ја менува својата форма од статичка –
неподвижна може да премине во кинетичка – подвижна, од хемиска во механичка ,
итн.
Мускулите само влечат тие
неможе да потискуваат. Целокупната работа што ја извршува мускулот се врши во
две фази:
-
едната е контракција, а
- другата враќањена себе си (еластичност), при
што мускулното влакно мора да се врати во првобитната положба за да може одново
да биде способно за контракција.
Мазна мускулатура
Мазните мускули во однос на скелетните се побавни во своите функции.
Мазната мускулатура е градена од вретеновидни клетки и имаат по едно јадро. Во нивните клетки нема присуство на актин и миозин. Функцијата која ја вршат е помала во однос на склетната мускулатура така да и потребатра од енергија е помала.
Интерактивно видео за структура и градба на мускули.