Клетки , ткива, органи, органски системи
Cells, tissues, organs, organic systems VII
Primary education
Сите живи организми на Земјата се градени од структури наречени клетки, кои се основна единица на сите живи суштества.
Досега, тоа треба да биде прилично очигледно.
Како што се сеќавате, има исто така и помали делови во секоја клетка наречена органели.
Органелите имаат работни места исто како и вие во секојдневниот живот.
Органелите ја одржуваат клетката да функционира и живее и да извршува задачи како што е движење, отстранување на отпадни материи, растење и репродукција.
Дали знаеше???
И растенијата и животните можат да бидат направени од една клетка или милиони клетки како вас.
Сепак, едноклеточните организми имаат тенденција да бидат различни од оние со многу клетки.
- Некои едноклеточни организми имаат јадро, а некои не.
- Некои едноклеточни растенија имаат хлоропласти, но не сите имаат цврсти клеточни ѕсидови на клетките.
- Сите едноклеточни организми се храната, се ослободуваат од штетните материи и се репродуцираат.
Едноклеточни организми се направени од само една клетка.
Пример: амеба, парамециум, еуглена, планктон, алги и бактерии.
Потребен ви е микроскоп за да ги видите едноклеточни организми.
Амеба и нејзиното движење со помош на т.н псевдоподии или лажни ножиња.
Парамециум под микроскоп во капка барска вода.
Зелена еуглена на микроскоп.
Повеќеклеточни организми
Живите организми составени од повеќе од една клетка се повеќеклеточни организми.
Вие сте повеќеклеточен организам.
Секоја клетка кај повеќеклеточниот организам е специјализирана да извршува одредена функција. Повеќеклеточни организми се организмите кои се изградени од повеќе клетки. Сите клетки во еден ваков организам немаат една иста форма, големина и градба.
За да можат да функционираат се групираат во ткива.
Ткива се клетки слични по градба, собрани во посебни групи и специјализирани за вршење на одредени функции.
Постојат разлики во ткивата кај растенијата и животните.
Растителни ткива
1. Површивко ткиво - епидемис
2. Основно - паренхимско
3. Ткиво за растење - меристемско
4.Спроводно ткиво
5. Механичко ткиво
Животински ткива
1. Епително ткиво
2. Сврзно ткиво
3. Мускулно ткиво
4. Нервно ткиво
Групи на ткива влегуваат во градба на одредени органи, а групи на органи прават систем на органи.
Животински органи
Растителни органи
Специјализација на клетките
Клетките кај повеќеклеточните организми се специјализираат за вршење на строго определена функција. Клетките кои се специјализирани за одредени функции се со различна структура и се приспособени за вршење на одредената функција.
Некои типови на специјализирани клетки, животински и растителни:
1.црвени крвни клетки - пренесуваат гасови низ телото со помош на пигментот хемоглобин. Овие клетки немаат јадро.
2. Полови клетки- служат за пренесување на нследните особини.
3.Нервни клетки- пренесуваат дразби од еден дек на телото кон друг, имаат специфична градба со продолжетоци.
4.Епителни клетки- тип на клетки кои созадваат обвивка на телото и внтрешните органи.
Растителни:
1.Палисадни клетки - кои се богати со хлоропласти и вршат процес на фотосинтеза, го градат листот кај растенијата.
2. Клетки на коренови влаклненца- имаат задача да апспрбираат или впиваат вода од почвата, овие клетки имаат долг тенок продолжеток што овозможува водата лесно да помине од почвата во клетката.
3. Поленови клетки- претсавуваат машки полови клетки кај растенијата и учествуваат во опрашувањето и оплодувањето кај растенијата.
Главната карактеристика на одвојување на едноклеточни и повеќеклеточни организми, е функционалната разлика. Таа се појавила во текот на еволуцијата.
Едукативно видео за нивоа на организација на живите организми.