Семе- поим, улога и расејување
Seed IX
Primary education
1.Семе
Семе е репродуктивен дел на растението присутно само кај голосемните и скриеносемените растенија кое преживува неповолни услови од надворешна средина. Се развива од семениот зачеток, после оплодувањето.
Тоа претставува никулец на младото неразвиено растение, обвиено со посебна заштитна ципа и снабдено со развиени хранливи материи. Семето се издвојува од матичното растение и ако дојде до поволни услови, се развива во ново растение.
Во однос на формирањето, тоа се формира од никулецот,ендоспермот и семеницата односно обвивката на семето која е кожеста обвивка и го заштитува семето од механички и други климатски влијанија.
Спрема видови хранливи ткива и место каде се наоѓаат се разликуваат:
- семе со ендосперм кај кои ендоспермот ја зафаќа главната маса, додека 'ркулец или никулецот е незначителен дел од семето.најраспростанет тип на семе; го имаат житарици,некои треви и сите голосеменици.
- семе без ендосперм постои кај некои дикотилни растенија. Кај овој тип на семе ендоспермот целосно се потрошува за развој на никулецот, и резервните хранливи материи се собираат во котиледоните, кои стануваат месети и дебели.
На сликата е прикажана разликата помеѓу семе кај монокотилно и дикотилно растение, и разликата во растењето на семето. |
1.1 Делови на семето
По оплодувањето од семеновиот зачеток се образува семе.Зрелото семе е составено од:
- семеница- цврста сува обвивка што го обвиткува и штити никулецот или ембрионот и ендоспермот од повреди и надворешни влијанија, се состои од повеќе слоеви и може да има различни додатоци. На семеницата јасно се препознава местото каде било прикрепено за дршката и е наречено папок или хилум, блиску има мал отвор наречено микропиларно отворче низ кој влегува вода во семето
- никулец(ембрион) се наоѓа под семеницата и е најважен дел на семката и претставува младо и сеуште неразвиено семе, негови главни делови се: зачеток на коренче, зачеток на стебленце и едно или две ембрионални листови или котиледони во зависност од типот на ратсението дали е моно или дикотилно.
Ембрионот кај повекето скриеносемени растенија е составено од ембрионално коренче, ембрионално стебленце, ембрионални листови(котиледони) и ембрионална пупка. Кај други како кај житните растенија за време на зреењето на семето во ембрионалната пупка се формираат и зачетоци на листови, облиот големината на ембрионот е различна кај различни растенија.
Кај семињата без хранливо ткиво или ендосперм пр. дикотилни растенија ембрионот го исполнува целото семе, а резервните материи се складирани во котиледоните.
- хранливо ткиво или ендосперм кое содржи резервни хранливи материи кои служат за развиток и исхрана на никулецот.
1.3 Расејување на семето
Биолошкото значење на расејувањето на семето е големо, бидејќи со расејувањето се обезбедува на определен вид растение, и она што е значајно на просторот непосредно до самото матично растение може да се развие само мал број на растенија, што условува негово распространување во животната средина.
Расејувањето го овозможуваат различните физиолошки својства, различните додатоци на семињата, а е потпомогнато од различни фактори: вода, ветер,животните, човекот. Постојат растенија кои самите го расејуваат своето семе. Тие тоа го прават на тој начин што нивните зрели плодови, благодарение на посебната анатомска градба, имаат спососбност да се отворат и да го исфрлат семето на извесна и често голема одалеченост од матичното растение.
Семињата се расејуваат со помош на ветерот, тоа се на пр. семиња кои се мошне ситни што им овозможува лебдење во воздухот, обично ваквите семиња се обезбедени со различни додатоци во вид на влакненца и крилести исрастоци. Расејувањето може да биде и со животни, тоа е кај семиња кои имаат способност да се закачат или залепат за некое животно со што се пренесуваат на поголеми далечини, водените растенија своите семиуња ги расејуваат со помош на водата, и.т.н.
Едукативно видео за семе.
2. Плод
Во морфолошка смисла под полод се подразбира преобразен плодник во кој се сместени семките. Но меѓутоа бидејќи плодот може да се форира и од други делови на цветот служи за расејување на семињата и неговата дефиниција би била:
Плодот е орган кој по оплодувањето се развива од плодникот и другите цветни елементи што го одржува распространувањето и одржувањето на семињата.
Според некоја поделба плодовите кои се образуваат од плодникот се вистински плодови, а они кои учествуваат и други делови се лажни плодови, (пр. кај јагодата учествува и цветната ложа, кај црница и цветната чашка)
Плодот е соствен од ѕид и внатрешна празнина во која се наоѓаат семињата . Ѕидот на плодовите е најчесто претставен со ѕидит на плодницата и е наречен перикарп, обично во перикарпот се разликуваат три слоја:
- надворешен - егзокарп кој е претставен од надворешен епидермис на перикардот и е тенок и кожест
- среден- мезокарп кој е најдобро развиен слој на перикарпот и кај различни плодови има различна коегзистенција.
- внатрешен - ендокарп исто е тенок и кожен но кај некопи плодово е дебел и дрвенаст пр. праска, кајсија, вишна.
Во внатрешната празнина се сместени семињата кои се сместени за работ на карпелите кои го образуваат плодникот, и обликот и големината на плодот е различна.
Најчесто поделбата е врз основа на морфо-еколошките особини, од кои цветни елементи се образуваат или како ги ослободуваат семките.
Најчесто се поделени во две групи:
- прости плодови
- сложени плодови
Простите плодови се образуваат од еден плодник и може да се суви и месасти или сочни плодови.
Сложените плодови се обарзуваат од два и повеке плодници и може да се збирни и плодви создадени од соцветија.