Monday, October 21, 2019

РАЗМНОЖУВАЊЕ КАЈ РАСТЕНИЈАТА IX одд.



РАЗМНОЖУВАЊЕ КАЈ РАСТЕНИЈАТА         IXодд
Plant reproduction

Primary education      

    Животот на секој организам има ограничено траење - порано или подоцна тој завршува. Меѓутоа со завршувањето на животот на поедин организам не  завршува и опстанокот на видот кон кој припаѓаа, бидејќи секој организам во почетокот или при крајот на својот опстанок создава и остава потомство, кој го продолжува опстанокот на видот. 
   Оваа појава на создавање и оставање на потомство се нарекува размножување, својствена за секој жив организам.
Растенијата се размножуваат на два начина, што е својствено за секој жив организам, тоа е бесполово и полово размножување.
 Бесполовото размножување или вегетативно се врши со помош на вегетативните делови кај растенијата со што добиваме идентично растение или многу често наречено природно клонирање.
Половот размножување го вршат групата на цветни растенија или секое ратстение кое формира цвет има способност да се размножува на полов начин. Половото размножување се врши со помош на посебно диференцирани клетки(физиолошки и морфолошки) кои се наречени гамети  односно машки и женски полови клетки. Гаметите може да се развијат во нов организма, откако претходно ќе се спојат, односно формираат зигот(женска оплодена полова клетка) кој е прва и почетна клетка за новиот организам.
Кај повеќето растенија постојат и двата типа на размножување. Половото размножување е секогаш е поврзано со формирање на семе кое претставува никулец на младото растение. Ако се потсетиме на класификацијата на растенијата ќе видиме дека и самата класификација е направена врз основа на тоа дали растенијата формираат семе и спаѓаат во групата на семени растенија или не формираат семе и се сместени во групата на бессемени растенија.


 На сликата е прикажана класификацијата на растенијата. Каде се гледа дека растенијата се поделени на две големи групи бессемени растенија и семени растенија. Бессемените растенија се мовои и папрати кај нив нема процес на формирање на семка но во однос на размножувањето имаме смена на генерации каде една генерација се размножува бесполово а друга полово , благодарение на тоа што зачетокот од спората има способност да формира гамети, па следува полова генерација. Кај сенените растенија , тие формираат цвет каде има услови за последователни процеси за успешно одвивање на половото размножување, а тоа се голосемените и скриеносемените растенија.

Самото еволуирање кај  растенијата условило формирање на два типа на органи, тоа се вегетативни органи- корен, стебло и лист односно органи за вегетација кои исто служат и за бесполово размножување, и репродуктивни или генеративни органи - цвет, плод и семе кои се органи за полово размножување.

Полово размножување

    Групата на растенија кои спаѓаат во семени растенија(голосемени и скриеносемени) формираат цвет кој претставува орган за полово размножување кај растенијата во кој се формираат сите елементи потребни за полово размножување.

ЦВЕТ КАЈ СКРИЕНОСЕМЕНИ РАСТЕНИЈА

ЦВЕТ КАЈ ГОЛОСЕМЕНИ РАСТЕНИЈА  






























Полово размножување кај голосемени  растенија 

Голосемените растенија  се исклучиво дрвенасти растенија, листовите се јаки најчесто игличести и трајно зелени. Кај голосемените растенија доминира спорофит, додека гаметофитот е редуциран. Микроспорофитите и мегаспорофитите се групирани во посебни машки и женски шишарки. Цветовите  се шишарки и секогаш се еднополови, еднодомни ретко дводомни.
Машките шишарки имаат спирално распоредени лушпести микроспорофили, од долната страна се наоѓа поленовата кеса во која настануваат микроспорите кои ртат и се развиваат во 2 спермални јадра или поленови зрна.


Женските шишарки се изградени од основа на која спирално се распоредени мегаспорофитите, во мегаспорангијата настанува  мајчина клетка која со мјоза ке даде  4 хаплоидни клетки од кои само една е хункционална мегаспора. Доцна на пролет плодните листови на шишарката се отвараат и поленовите зрна доспеваат до семеновиот зачеток, после опрашувањето плодните листови се затвараат. По оплодувањето од зиготот се формира проембрион а покасно прав ембрион  со зачеток за ново растение.



Полово размножување кај скриеносемени растенија 

Скриеносемените растенија се т.н. хетероспорни растенија односно создаваат микроспори или поленови зрна односно машки полови клетки, и макроспори или ембрионално ќесе или женска полова клетка од која со текот на времето ќе се создаде семе.

Градба на цвет кај скриеносемени растенија

    Цветот е скратен метаморфозен орган, чии листови се преобразени во врска со половот размножување, кое се врши во него и доведува до формирање на плодот и семето. Типично развиен цвет имаат скриеносемените растенија(касија, круша, бостан, грав и др.)  кај по оплодувањето се формира плодот кое го чува и заштитува семето. Цвтетот на скриеносемените растенија се состои од следните основни делови:
  - цветна дршка
  - цветна ложа
  - цветни ливчиња

Цветната дршка е  делот  на изданокот непосредно под цветот и служи за носење на цветот.
Цветна ложа се наоѓа на врвот цветната дршкаи за неа се прикрепени сите ливчиња кои го градат цветот, таа најчесто е проширена и рамна , а кај некои е вдлабната или испакната.
Цветни ливчиња  се структури кои влегуваат во состав на цветот на еден потполоно граден цвет тоа се чашкини и венечни ливчиња, прашници и толчник.
Чашкини ливчиња го представуваат надворешниот круг на цветните ливчиња. Сите чашкини ливчиња се одликуваат по зелената бојаи по тоа што се поситни од другите цветни ливчиња. Кај голем број растенија чашкините ливчиња останува на цветот се додека стојат и венечните ливчиња, а потоа се сушат и отпаѓаат, додека кај други растенија, пр. домати, портокали и др. чашката останува и се задржува на плодовите.
Венечни ливчиња го претставуваат внатрешниот круг на цветот и најчесто се живо обени што го чинат најзабележителниот дел на цветот и во обичниот говор кога се зборува за цветото најчесто се мисли на нив.Венечното ливче покрај тоа што служи за заштита на прашниците и толчникот, истовремено со својата боја, форма и ароматичните материи што ги лачи ги привлекува инсектите кои го извршуваат опрашувањето на цветот. Во зависност од тоа кои инсекти и како се опрашува цветот во текот на еволуцијата кај рзлични растенија венчето стекнало различна форма. Заедно венечните ливчиња и чашкините ливчиња  се нарекуваат цветна обвивка.
Прашници се метаморфозирани (изменети) цветни ливчиња, расположени во средината на цветот тие целосно го изгубиле изгледот на лист. Секој нормално развиен прашник се состои од прашников конец или филамент и прашникови кесиња. Прашниковите кесиња се наоѓаат на врвот на филаментот и се состојат од две половини, во секоја половина има по две поленови ќесиња. Основна улога на прашниците е создавање на поленови зрна, сосздавањето на поленовите зрна се вика микроспорогенеза.
Толчник се наоѓа во средината на цветот кој се формира од преобразени цветни листови наречени макроспорангиуми. Тој се состои од три дела: долен проширен дел - плодник, над плодникот исправено стои столпче, а на крајот на столпчето се наоѓа малку израснат дел наречен устенце. 
Во  плодникот се создаваат семеновите зачетоци а по оплодувањето од него настанува плодот кој го штити семето.

ПОДЕЛБА НА ЦВЕТОВИТЕ 

     Цветовите во кои се наоѓаат прашниците и плодникот се наречени двополови цветови или хермафродитни. Некои растенија имаат  цветови кои носат само прашници - машки цветови или само точник- женски цветови или станува збор за еднополови цветови.
  Растенијата кај кои се развиваат машки и женски цветови се викаат еднодомни растенија(орев, даб, пченка,тиква), доколку на едно растение се развиваваат само машки, а на друго растение само женски цветови се наречени дводомни растенија(коноп, спанаќ). 
Мал е бројот на растенија каде цветовите се единечни, кај повеќето растенија цветовите се собрани во групи градејќи соцветија.
Биолошкото значењена соцветијата е во тоа што малите цветови собрани во соцветие инсектите полесно ги забележуваат и придонесуваат за нивно опрашување.


Eдукативно видео за размножување кај растенијата: