Tuesday, October 29, 2019

Скелетен систем кај човек VIII одд.


Движење заемна активност на коските и мускулите
Скелетен систем кај човек
                             Human skeletal system                     VIII 


Primary education

    Скелетниот систем е дел од организмот што го сочинуваат неговите најцврсти  составни делови: коските, 'рскавиците, тетивите  и лигаментите, поврзани  во една целост што ја викаме скелетен систем. 

Системот е комбинација од повеќе ткива, заедно со крвните садови и нервите. Коските се поврзуваат со други коски со зглобни површини. Најважниот дел од скелетот секако се коските , кои вкупно во костурот ги има 206, од кои 170 двојни и 36 единечни. 
Коските или ossa(коска - os) се најцврст дел од скелтот, а се состојат од  главно коскено ткиво собрано во форма на компактна сунѓераста супстанца. 'Рскавиците (cartilago) се помек дел од скелетот, врските или лигаментите се најмек дел од скелетот кои се градени од сврзно еластично ткиво.


Градба на коска

    Коските имаат мазни  рамнини само на зглобовите, а преостанатите површинии се претежно нерамни , на нив се забележуваат различни израстоци, глуждови, линии, канали, вдлабнатини што ги создале разните мускули, тетиви, лигамнети, крвните садови и нервите. 
Тие може да бидат плочести(ребра, череп), долги коски (коские на рацете и нозете), неправилни коски (пршлени).

Коската е градена од компактно ткиво(вистинска) коска, која е тврдо ткиво, и сунѓераста коска , во која има празни простори, таму се наоѓа коскената срцевина, а исто  сунѓераста коска имаме и на краевите на долгите коски. Коските соджат два типа на коскена срцевина, црвена коскена срцевина што се наоѓа во краевите на  долгите коски и во средината на другите коски и создава крвни клетки - еритроцити, и жолта коскена срцевина, главно составена од масти сместена во каналот на долгите коски.
Од надвор коската е покриена со обвивка наречена покосница, каде има клетки кои се делат и се неопходни за созадавање на коската, не само за растењена коската туку и за заздравување на скршениците. На долгите коски разликуваме секогаш два краја или епифизи, и  и еден среден дел или дијафиза.

Главните функции на коските се:
  • цврста основа на целиот организам
  • заштита на внатрешните органи
  • резервоари на соли на калциум
  • создаваат крвни клетки
Кај ембрионот повеќето коски се составени од рскавици, преобразувањето на рскавично во коскено ткиво почнува до средината на коската кон краевите, со  што коските растат во должина, овој процес трае од 13-20 години.

Хемиски состав на коските
2/3 осеин                          кај деца
1/3 минерални соли   
2/3 минерални соли           кај возрасни
1/3 осеин
 осеин-протеин(дава еластичност)
 минерални соли (дава цврстина)    CaCO3   CaPO4

        Кај децата коските се помеки но поеластични заради поголемо присуство на осеинот. Кај возрасните коските се поцврсти но помалку еластични заради поголемо количество на минерални соли за сметка на осеинот.

Поделба на скелтот  

Едукативно видео за скелетен систем



Скелтот главно е поделен на 
  • аксијален скелет -80  коски. Тоа се череп, 'рбетен столб и граден кош
  • апендикуларен скелет - 126 коски. Тоа се раменски појас со горни екстремитети и карличен појас со долни екстремитети.
I) Аксијален скелет


АКСИЈАЛЕН СКЕЛЕТ


1. Скелет на глава - череп



Краниумот - делот од черепот што го затвора мозокот - понекогаш се нарекува мозочно куќиште.Опсегот на капацитетот на черепната празнина е широк, но не е директно пропорционален со големината на черепот, бидејќи има варијации и во дебелината на коските и во големината на воздушните џебови или синусите. Кранијалната празнина има груб, нерамен под. 
Краниумот го формира целиот горен дел од черепот, а коските на лицето се наоѓаат под неговиот преден дел. 
Се состои од релативно малку големи коски - 
фронтална- челна коска, сфеноидна коска, две темпорални - слепоочни коски, две париетални - темени  коски и окципитална - тилна коска
Фронталната коска лежи во основата на регионот на челото и се протега назад до короналната шиење, заоблена линија што ја дели фронталната коска од двете париетални коски, на страните на черепот. 
Напред, фронталната коска формира спој со двете мали коски на мостот на носот и со зигоматичната коска (која е дел од јаболчната коска; 
 
Коските на лицето и нивните сложени функции),
 сфеноидот -  клинеста   и максиларниот - горно вилични  коски. 
Помеѓу носните и зигоматичните - јаболчни  коски, хоризонталниот дел од фронталната коска се протега назад за да формира дел од покривот на очниот отвор или орбитата; на тој начин врши важна заштитна функција за окото и неговите дополнителни структури.



2. Граден кош

 (12 пара ребра. 7 вистински директно се поврзуваат со градната коска преку 'рскавица, 8,9,10 се лажни ребра се поврзуваат со иста 'рскавица и последните 2 пара се пливачки и не се поврзани со градната коска.



3. 'Рбетен столб 
  
'Рбетниот столб е составен е составен од пршлени. Децата имаат 33 -34 пршлени, а со растењето на коските долните делови се спојуваат, па кај возрасните има 26 пршлени. Секој пршлен (vertebrum)  има тело на пршленот кој е држач, мешу пршлените има 'рскавица која овозможува движење на 'рбетниот столб. 'Рбетниот столб е поделен на региони:

  • вратен со 7 пршлени
  • граден со 12 пршлени
  • слабински со 5 пршлени
  • крстен со 5 пршлени 
  • опашен со 3-5 пршлени
Крсните пршлени кај возрасните сраснуваат во
една коска наречена крст
(os sacrum).
        










II. Апендикуларен скелет


1. Раменски појас со горни екстремитети
2. Карличен појас или карлица со долни екстремитети.



АПЕНДИКУЛАРЕН СКЕЛЕТ



Карличен појас со долни екстремитети

Карличниот појас извршува неколку важни функции во човечкото тело. Ја поддржува тежината на горниот дел од телото, ја стабилизира и ја пренесува оваа тежина на долните екстремитети, овозможувајќи низа дејства (на пр. седење, стоење, двоножно одење). Исто така, ги штити абдоминално-пелвичните внатрешни органи и обезбедува точки на прицврстување за помалите мускули и лигаменти на карличниот под и перинеумот. Карличниот под, исто така, служи за поддршка на карличните органи .




Коскената карлица е комплексна структура во облик на слив која ја опфаќа скелетната рамка на карличниот регион и ги сместува карличните органи. Се состои од коската на колкот и сакрумот(sacrum), кои се поврзани преку сакроилијачниот зглоб. 
Коската на колкот е составена од три споени коски: слабинска коска (os ilium)  седална коска (os ischiadicum) и срамна коска или ( os pubis) .
 На карличниот појас се надоврзуваат коските на долните екстремитети. Тука спаѓаат бутна коска или (femur) како најголема коска на која се надоврзува коленото кој претставува синовијален зглоб покриен со коленова капсула. на коленото се надоврзуваат две коски голема писка (tibia)  која е долга цевчеста јака коска која доаѓа дирекно во зглобот на бутната коска и   мала писка (fibula) која е долга тенка коска мошне тесна и е делл од подколеницата.
Коски на стопалото- metatarsus. Тоа се мали коски аналогни на оние на раката ги има 5, на нив се надоврзуваат коските на прстите  тоа се мали  кои ги формираат членчињата на ножните прсти ги има 14 како и кај ракарта  со тоа што секој прст има три  освен палецот со две членчиња. 
Коските на стопалото ги делима на carpus, metacarpus i falangi.




Раменски појас со горни екстремитети


  Рамо или раменски појас, во анатомијата,  влегува зглобот помеѓу раката, или предниот екстремитет, и трупот, заедно со соседното ткиво, особено ткивото над лопатката, или scapula



Рамениот, или пекторалниот, појас е составен од клучни коски (clavicula) и лопатка  (scapula). Кај луѓето, клучните коски се спојуваат со градната коска (sternum) медијално, а кличните коски странични или  латерално; лопатките, сепак, се споени со трупот само преку мускули. 
Поврзувањето на раменскиот појас  овозможува слободно движење на humerus  (коска на надлактицата) во насока напред. Главниот зглоб на рамото е, топчест зглоб во кој надлактицата  е вдлабната во лопатката. Флексибилноста на рамото овозможила различни локомоторни- движечки  адаптации, како што се слободно движење на раката во  повеќе правци.
Сите коски на на раката се поделени на три групи- коски на надлактица или branhium во кој спаѓа само humerus или надлактица, и кокси на подлактица во кои спаѓаат radius - или палечна коска и  ulna или лакотна коска.
Коски на прстите- тоа се 14 мали коски на прстите од кој секој прст има три освен палецот со две коски или членчиња. Целата дланка се дели на carpus, metacarpus i falangi. Поставеноста на коските на дланката или членчињата овозможуваат движење на дланката.


Оваа статија неодамна беше ревидирана и ажурирана од Роберт Карли.

Научи го скелетот преку игра кликни тука


Зглобови и зглобно поврзување

Зглобот е место на поврзување на две или повеќе коски. Се поделени врз основа на начинот на спојување и подвижноста.
  • подвижни зглобови меѓу коските има празен простор наречен зглобна површина, во која има малка количина на течносст т.н. синовијална течност која овозможува зглобот да биде постојано влажен и да се спречи триење на двете поврзани коски.
  • неподвижно зглобување т.н. Шев се зглобувања на коските на черепот и лицето освен долната вилица која е подвижна
  • полуподвижно зглобување, каде коските  во зглобовите се поврзуваат со 'рскавица тоа се поврзување меѓу меѓу карличните коски и поврзувања меѓу телата на пршлените.
Зглобовите имаат огромна улога во движењето. Затоа тие со скелтот се викаат локомоторен систем кај човекот.
















Според функцијата  поделбата  на зглобовите е следна:


1.Валчест зглоб
Овој зглоб овозможува свиткување и испружување. Пример за таков зглоб е лакотниот зглоб или наречен висечки зглоб.
2.Ротационен зглоб
​Овој зглоб овозможува вртење кон лево и кон десно- исто во лакотниот зглоб лакотната коска е речиси статична, додека палечната коска е таа што се врти и овозможува вртење на подлактицата.
3.Топчест  зглоб
​Составен е од чашка и јаболко- овозможува движење во сите правци. Ваков зглоб е раменскиот и колкот.
4. Елипсовиден зглоб - Сличен е на претходниот и овозможува приближно ист опсег на движења. Пример за елипсовиден зглоб е зглобот на шаката (карпалните коски со палечната и лакотната)
​5. Седлест зглоб.
​Ваков е зглобот на палецот од раката, кој може да се движи во сите правци но со ограничена ротација.
6. Рамен зглоб
​Во него коските се поставен една врз друга без можност за движење. Така се поврзани коцкастите карпални коски, задодилните коски и клучната коска со лопатката.
Едукативно видео-  зглобови.