Wednesday, October 28, 2020

Орган за слух и рамнотежа - уво VIII одд.




 Увото е орган за слух и рамнотежа


    Кај човекот има пар уши во кои се сместени сетилата за слух и рамнотежа. Преку сетилата за слух ние ги распознаваме различните видови на звучни дразби, додека сетилата за рамнотежа овозможуваат да ја одржуваме рамнотежата на организмот.
Увото може да се подели на три дела:
  1. надворешно уво
  2. средно уво 
  3. внатрешно уво


Надворешно уво

Надворешниот дел на увото започнува со ушна школка. Нејзината улога е да ги усмерува звучните бранови кон увото. по неа следува надворешниот слушен канал, кој е долг околу 2,5 см,. Кожата што го обложува овој канал е многу тенка, а во првиот дел на каналот има посебни лојни жлезди. На крајот на слушниот канал е слишната мембрана или слушното тапанче, што е граница помеѓу надворешното и средното уво.

Средно уво

Празнината на средното увое мала, хоризонтало поставена исполнета со воздух. Во неа има  три мали слушни ковчиња, кои се трите најмали ковчиња во човечкото тело. Трите слушни ковчиња се поврзуваат така да можат да ги засилуваат примените бранови од  слушното тапанче. Дршката на првата коска - чеканче е поврзана за слушното тапанче, другиот дел на оваа ковче е поврзан со второто ковче- наковална, и третото слушно ковче има тркалезен облик и е наречено узенгија. 
Евстахиева туба е канал што ја поврзува празнината на срдното уво со голтката (грлото), оваа туба е отворена и ноз неа се врши постојано изедначување на притисокот од двете страни на слушнот тапанче.

Внатрешно уво

Тоа е најсложениот  и најважен дел од увото. Соствено е од три одвоени простории. Овој дел на увото е наречен коскен лавиринт, кој има три дела:
  1. Предворје
  2. Полжав - Cohlea
  3. Три полукружни каналчиња
Во сите сите три дела има течност наречена перилимфа. Полжавот  е коскена цевка, што личи на куќичка на полжав која исто така е исполнета со течност наречена ендолимфа, органот за слушање  се наоѓа во полжавот и е наречен Орган на Корти, во кој има рецептори што се поврзани со нервните влакна на слушниот нерв.






Создавање на звукот

  Звучните бранови влегуваат низ надворешниот слушен канал и предизвикуваат треперење или вибрации на слушното тапанче, ваквото треперење се засилува со слушните ковчиња и се пренесува до перилимфата што почнува да се движи брановидно. Овие брановидни движења на перилимфата се пренесуваат до ендолимфата која под нивното влијание исто така се движи брановидно. Понатаму овие брановидни движења се регистрираат од тенките трепки на рецепторните клетки што имаат способност движењата да ги преобразат во слушни дразби. овие слушни дразби преку слушниот нерв се носат до центарот за слух во  кората на голениот мозок, во слепоочниот лобус.
Звучните бранови кои ги слуша човек имаат фреквенции во интервалот:          
16 -20 000 херци.

 
Осет за рамнетежа

   Во внатрешното уво, во полукружните канали и нивните торбички се сместени рецептори што ги примаат дразбите предизвикани од менувањето на положбата на телото. Рецепторите на осетот за рамнотежа се клетки со трепки, а тие се дразнат со помош на кристали. Секое поместување на главата предизвикува раздвижување на кристалите, кои пак од своја страна ги дразнат рецепторите. Нервните влакна во овие тробички создаваат нерв кој оди до центарот на рамнотежа.

Едукативно видео за анатомија на уво.



Едукативно видео како слушаме:





Едукативно видео за сетило за рамнитежа.