Monday, March 2, 2020

ГРАДБА НА РАСТЕНИЈАТА VII одд


ГРАДБА НА РАСТЕНИЈАТА
PLANT ANATOMY AND MORPHOLOGY           VII

Primary education


    

   Растенијата се повеќеклеточни автотрофни организми кои живеат прикрепено на почвата. Од еколошки поглед, растенијата се примарни произведувачи на органска материја (по пат на фотосинтеза) во сите копнени и помал дел од водните екосистеми, со што претставуваат основна храна за сите останати живи организми во дадениот екосистем. 
Растенијата се состојат од органи, вклучувајќи корени, лисја, стебла и репродуктивни органи.
Секој орган има свои функции.
Заедно, органите на едно растение му овозможуваат да ги спроведе седумте животни процеси.






Поделба на растителните органи: 

1. Вегетативни - го одржуваат растението во живот, тоа се 
  • корен
  • стебло
  • лист
2. Репродуктивни(генеративни) - му овозможуваат на растението размножување и биолошки опстанок, тоа се:
  • цвет
  • плод и
  • семе

1. Корен 

   Коренот (или кореновиот систем) е подземниот дел од растението. Има неколку значајни функции:
  • Механичка потпора на растението (го држи прикрепено за почвата)
  • Апсорпција или впивање на вода и минерални материи, потребни за фотосинтезата
  • Складира ( органски) резервни материи.


Αποτέλεσμα εικόνας για типови на корењаВидови на коренови системи:

   Морфолошки постојат повеќе типови на корења сепак ги групираме во две основни групи:
  1. осков и 
  2. жилест
Осковиот  се одликува со тоа штоглавниот корен е добро развиен и од него се разгранува систем на помали странични корења. Жилестиот коренов систем се состои од повеќе еднакви и тенки жилести корења, а главниот корен е закржлаве и неразвиен.
Кај некои растенија пример пченката, главниот корен брзо изумира или закржлавува, а целиот коренов систем се состои од жилести корења кои се развиваат од додлните делови на стеблото. 
Корењата кои  не настануваат од главниот корен, туку се развиваат од стеблото или од некој друг дел од ратението се наречени - адвентивни корења.
Постојат корења кои метаморфозираат илисе преобразуваат, кои според функцијата можат да бидат многу различни, еден пример е корења за складирање на резервни хранливи материи, поради оваа функција корењата се сочни и дебели и можат да се поделат на:
  1. репкасти - кај шеќерната репка, цвекло и др.
  2. вретенаст- кај морков,магданос и целер
  3. грутчест- овие корења најчесто служат за вегетативно размножување.

     2. Стебло 


Исто како коренот и стеблото е вегетативен орган. Стеблото е единствена разгранета оска на растението а лситовите се неговите странични изданоци.
Изданок е стебло заедно со листовите и пупките.

Основна улога на стеблото е

    ИЗДАНОК- стебло со листови и пупки
ТЕМЕНА ПУПКА
СТРАНИЧНА ПУПКА
КОЛЕНЦЕ -НОДУС
ЧЛЕНЧЕ - ИНТЕРНОДУС
ЛИСТ
  •  Спроведување на вода и минерални материи од корен нагоре и обратно спроведување на растворени органски материи.
  •  Потпорна-Стеблото и гранките го држат исправено ратението, ги носат   листовите и ги поставуваат во најдобра положба за примање на сончева светлина
  •  Складирање на хранливи материи,вода.
Стеблата може да бидат:
- надземни и
- подземни

Видови надземни стебла: 
  1. Треви ( пиреј,жита) 
  2. Зелјести растенија (пипер,домат,градинарски цвекиња) 
  3. Лијани (винова лоза,бршлен) 
  4. Грмушки ( капина,малина) 
  5. Дрвја ( бука,даб,слива)
Видови подземни видоизменети стебла: 

  1. Ризом  кај ѓумбир
  2. Грутка кај  компир 
  3. Луковица кај кромид, љутиче и др.

Αποτέλεσμα εικόνας για ризом
Ризом

















подземно стебло - грутка
кај компир 
















Подземно стебло луковица















                                  Лист 

    Листот е вегетативен орган кај растенијата. Има големо значење за животото на растенијата, бидејќи во него се создаваат органските хранливи материи со процесот на фотосинтеза. Друга задача на листот е транспирација односно испарување на вишокот водаод растението и се врши размена на гасови. делови на листото се лисна основа, лисна дршка и лиска.
Αποτέλεσμα εικόνας για градба на лист    Лиската е најважниот дел од листот и има најголема површина во однос на останатите делови на листот. На плочестата лиска се разликува лице и опачина. Листот секогаш е свртен со лицето кон сонцето. Лицето на листот има темнозелена боја, додека опачината има светлозелена боја.
Лисната дршка ја прикрепува лиската за стеблото и го поставува листот во одредена положба во однос на светлината. Листовите без лисна дршка се седечки.
Местото кајшто листот се прикрепува за стеблото е лисна основа.


Внатрешна градба на лист 


Αποτέλεσμα εικόνας για градба на лист    Над површината на листот има тенок проѕирен слој- кутикула, кој  како восочен слој ги заштитува клетките од исушување. Целата површина на листот ја покрива епидермис, кој ги штити внатрешните ткива. Најчесто епидермисот е диференциран на горен и долен епидермис. Горниот епидермис е изграден од покрупни клетки, без стоми, додека долниот епидермис е од помали клетки со потенка кутикула и има стоми.Помеѓу два епидермиса се наоѓа  мезофил. Кај повеќето дикотиледони мезофилот на листот е диференциран на палисадно и сунѓересто ткиво. Палисадното ткиво е изградено од издолжени цилиндрични клетки. Клетките на палисадното ткиво се богати со хлоропласти и нивната функција главно е фотосинтеза.


Репродуктивни(генеративни органи кај растенијата)

  1. цвет
  2. плод 
  3. семе 

                                    Цвет


Αποτέλεσμα εικόνας για градба на цвет
     Цветото е скратен метаморфозен изданок, чии листови се преобразени во однос со половото размножување, кое се врши во него и доведува до формирање на плодот и семето.Цветот за стеблото е обично прикрепен со цветна дршка, а доколку таа одсуствува цветовите се приседнати. Цветната дршка завршува со силно скусен проширен дел кој се вика цветна ложа.
Елементите на цветот според улогата се поделени на заштитни(вегетативни) и репродуктивни(генеративни).
Заштитните листови го представуваат неплодниот дел на цветот.
Првиот круг, чашка е од чашкини ливчиња со зелена боја, чија улога е заштитна.
Вториот круг го сочинуваат венечни ливчиња, кои се поголеми и со живи бои. Тие исто така имаат заштитна функција во однос на репродуктивните елементи на цветот, но со упадливите бои ги привлекуваат инсектите и помагаат во опрашувањето.
Исто така има и цветови со прост околуцветник изграден само од венечни ливчиња или само од чашкини ливчиња.
Во репродуктивни елементи на цветот спаѓаат прашници и плодникот.
Прашниците се составени од прашников конец (филамент) и прашникова ќеса (антера). Секоја антера е составена од две полуантери, кои се поврзани со сврзувачко ткиво. Во секоја полуантера има поленови торбички во кои се образуваат поленови зрна- полен.


                                    Плод

Плодот го обезбедува одржувањето и распространувањето на семињата. Морфолошки е преобразен плодник во кој е сместено семето.














Αποτέλεσμα εικόνας για seeds in plantsСеме

Семето е орган на половото размножување на голосемените растенија. Се образува од семенов зачеток по завршувањето на оплодувањето.Зрело семе е составено од:
1. семена обвивка
2. Ембрион
3. Хранливо ткиво




Едукативно видео за растителни органи.