Разградувачи и детривори IX
Лекцијата да се прочита задолжително и од учебникот!!!
Хранливиот циклус е еден од најважните процеси што се случуваат во екосистемот. Хранливиот циклус ја опишува употребата, движењето и рециклирањето на хранливите материи во околината.
Екосистем е систем кој ги вклучува сите живи суштества (растенија, животни и микроорганизми) кои живеат во дадена област, нивните мег усебни врски, како и врските со неживата природа (временските услови, земјата, сонцето, почвата, климата, атмосферата).
Вообичаено, живите членови на даден екосистем, заедно со постоечките неживи фактори, мег усебно зависат и се во постојана врска. Ова значи дека отсуството на еден член или еден од надворешните фактори, без оглед дали нам ни изгледа мал и неважен, може да влијае на сите членови на екосистемот. Екосистемот е составен од голем број поединечни организми или индивидуи. Индивидуите не можат да се вкрстуваат со индивидуи од друг вид.
Групи на индивидуи од ист вид кои живеат во ист регион во исто време, формираат популации. Густината на популацијата е мерка за бројот на организми кои ја сочинуваат популацијата во одредена област.
Различни видови популации на заедничка локација формираат заедници. Пример за заедница е шума од дрвја и грмушки, населенa со животни и почва која содржи бактерии и габи.
Типови организми во екосистемот
Во зависност од начинот на исхрана организмите се делат на такви кои
произведуваат храна, организми кои не можат да произведат храна, па мораат да се хранат со други живи организми и организми кои се хранат со изумрени и распаднати организми.
- Произведувачи, продуценти или автотрофни организми се растенијата и алгите - тие произведуваат храна со помош на светлосната енергија, зелениот пигмент хлорофил, јаглеродниот диоксид од воздухот, минералите и водата кои ги црпат од почвата
- Потрошувачи или консументи или хетеротрофни организми се организми кои внесуваат готова храна , која може да биде од растително или животински потекло. Па отука хетеротрофните органзими може да бидат:
- Хербивора( се хранат само со автортрофни организми)
- Карнивора ( месојадни организнмисе хранаат само со животинска храна)
- Омнивора(сештојади се хранат и со растителна и животинска храна)
3. Разградувачи или сапрофитски организми се габите и некои
видови бактерии. Тие директно ги добиваат потребните хранливи материи со варењето на мртви материи. Преку нивната исхрана мртвите материи се разградуваат и така го помагаат процесот на збогатување на почвата со минерални материи.
Во разградувачи спаѓаат и посебна група на организми градена воглавно само од безрбетници и е наречена Детривори.
Разградувачи и детривори
Декопозер или разградувач е организам го разградува или расипува органскиот материјал, како што се остатоци од мртви организми. Декомпозиторите вклучуваат бактерии и габи. Овие организми го спроведуваат процесот на распаѓање, што сите живи организми се подложени по смртта. Распаѓањето е важен процес затоа што овозможува органскиот материјал да се рециклира во екосистемот. Печурките, се еден вид габа и играат улога во распаѓање.
Функција на разградувачи
Декомпозерите или разградувачите играат важна улога во секој екосистем. Без разградувачи, мртвите организми не би се распаѓале и рециклирале во други живи материи. Причината за разградувачите е едноставно затоа што тие треба да преживеат. Декомпозиторите се хетеротрофни, што значи дека ја добиваат својата енергија од внесување органски материјал. Мртов организам обезбедува хранливи материи за разградувачи како бактерии и габи со цел да растат и репродуцираат, размножувајќи ги своите сопствени видови.
Декомпозери и т.н чистачи
Чистачите се првите што пристигнуваат на мртви остаотци и тие директно ги јадат мртвите растителни или животински материјали. Штом чистачите ќе остават остатоци од животинско ткиво, декомпозерите и детриворите се појавиваат и се хтранат со остатоците кои ги оставиле чистачите. Иако групата на разградувачи го носи топониомот чистачи на животната средина, во циклусот ги ставаме и друга група на т.н чистачи каде спаѓаат главно п организми од рбетниците, тука се вклучени лавови, чакали, волци. Исто така тука спаѓаат и мршојадците кои не ловат но се хранат со мрша или мртво органско ткиво
Тие се единствените членови на животинското царство кои мораат да се скарат за да јадат.
Автолизата е кога клеточните ензими во телото на мртвиот организам ги разградуваат клетките и ткивата, додека разградување е кога микроорганизмите растат и се разамножуваат по целото мртво тело.
Декомпозери и детривори:
Некои организми вршат слична функција како разградувачите, а понекогаш се нарекуваат и разградувачи, но се технички детривори.
Разликата лежи во начинот на распаѓање на органскиот материјал.
Детриворите мора да го варат органскиот материјал во нивните тела, односно да го дегистираат за да добијат хранливи материи од него. Тие ја разградуваат органскат материја преку биохемиски реакции. Тука спаѓаат без рбетници главно.
Типични детривори се стоногалки, дрвеници, морски ѕвезди, копнени црви,амфитрити, некои ракови.
На сликата имате неколку претставници на детривора.