Wednesday, April 22, 2020

Почва и значење на почвата за живите оргнизми VII



Почва и значење на почвата за живите оргнизми
VII одд.


All About Soil – Part 2 Soil Food Web – Equine Permaculture  Почвата е полна со живот. Честопати се вели дека мал дел од почвата има повеќе живи организми отколку што има луѓе на планетата Земја. Почвите се стомакот на планетата, конзумира материи, дигестира материи и учествува во кружење на  хранливи материи и организми.Со подобро набудување, забележуваме дека почвата е преполна со живи организми. Живите организми присутни во почвата вклучуваат археи, бактерии,  габи, алги, протозои и широк спектар на поголема фауна на почвата, вклучувајќи голем број на бзрбетници, мравки, инсекти кои го поминуваат целиот или дел од нивниот живот под земја, и поголеми организми како што копаат и живеат во почавата како на пример голем број  на глодари. Сите овие се важни во составувањето на околината што ја нарекуваме почва и во создавање бројни трансформации кои се од витално значење за животот.
Soil bacteriaСамо 5% од она што го произведуваат зелени растенија го трошат животните, но 95% ги троши микроорганизмите. Еден грам плодна почва може да содржи до една милијарда бактерии. Постојат многу различни видови на бактерии, а повеќето од нив сè уште не се откриени! 
Повеќето од овие бактерии се аеробни, што значи дека тие бараат кислород од атмосферата на почвата. Сепак, другите бактерии  живеат без кислород, а други видови можат да живеат и со, и без кислород. Растот на овие бактерии е ограничен со храната што е достапна во почвата.
   Габите на почвата се исто така голема се компонента на почвата што доаѓаат во различни големини, форми и бои. Печурките имаат подземни корени (мицелиум) кои апсорбираат хранливи материи и вода сè додека не се подготвени да се формураат како печурки. Тие создаваат киселост, што ги прави многу важни да се распаѓаат материјалите во многу кисели шуми, што микробите не можат да го направат.

Што е почва, која би била дефиницијата за почва?

Почва — површинскиот слој од литосферата на Земјата кој најчесто е плоден и претставува повеќефункционален хетероген и отворен четирифазен структурен систем кој се образува со раздробување на карпите и животната активност на организмите.

Минерален и органски дел на почвата и нејзин состав: 

Почвата претставува трофазен систем, односно материите во неа се јавуваат во три агрегатни состојби: цврста, течна и гасовита.

  • Цврстата фаза ја сочинуваат минералните и органските цврсти честички.
  • Минералните честички се парчиња од цврсти карпи и минерали кои влегу- ваат во составот на карпите или се нови творби добиени со хемиски процеси.
  • Органските честички претставуваат нераспаднати и полураспадната орган- ски отпадоци и хумусни честички. 
  • Вода
  • Воздух 

Настанување на почвата

  Настанувањето на почвата е бавен процес од неколку илјади години Почвата се формирала со раздробување на карпите под дејство на климатските промени,ерозии,како и животната активност на микроорганизмите, и сите живи организми кои живеат во неа и над неа.
Почвите се состојат од мешавина на минерални и органски материи. Научниците кои се занимаваат со проучување на почвите (педолози) ги опишуваат почвите врз основа на тоа колку % содржат песок, прав и глина во својот состав. Ова се нарекува текстура.

Минерали:

 Минералите во почвата потекнуваат од минералите кои се составен дел на литосферата. Минералите се конститутивни материи на карпите.
Тие имаат одреден хемиски состав, физички својства и структура. Минералите се делат на:
- примарни и
- секундарни минерали. 

Примарни се оние кои настанале со ладење на жешката магма (лава).
Тоа се првите минерали кои се образувале во природата и нивниот хемиски состав до денес не е променет. Влегуваат во составот на магматските карпи. Досега се познати околу 3000 примарни минерали. 

Од примарните минерали, најзастапени се следниве групи:

  • Кварцот е значаен минерал, кој влегува во составот на сите карпи. Има најголема отпорност на хемиско распаѓање, па затоа го има во наносите и во голем број од метаморфните карпи.  Во Земјината кора кварцот е застапен 12 %.
  • Фелдспадите се најчести минерали во Земјината кора. Влегуваат во сос- тавот на магматните карпи со 60 %, во метаморфните со 30 % и во седиментните карпи со 12 %. 
  • Лискуните влегуваат во составот на Земјината кора со 4 %. Застапени се во сите карпи. 

Секундарните минерали се образуваат со хемиско распаѓање на примарните минерали.

Се делат на:

  • Прости соли на алкалните и земноалкалните елементи: најчесто се карбонати, сулфати, фосфати и сл. 
  • Силикатно-глинени минерали: најчесто се јавуваат како колоидни честички и ја сочинуват глинестата фракција на почвата.
  • Оксидо-глинени минерали: тоа се хидратни сесквиоксиди кои на почвата ñ даваат жолтеникава, црвеникава и кафена боја.

   Покрај оваа поделба , почвите можат да се поделат на кисели и алкални почви во зависност од количеството хумус, органски материи и карпестата подлога. различни растенија имаат потреба од различен тип почва.

Различни почви според нивната текстура:

 - Песокливите почви содржат повеќе од 50% песок. Честичките не се прилепуваат со вода и не задржува хранливи материи
-  Ако една почва содржи повеќе од 30% прав, а помалку од 50% песок и
помалку од 50% глина таквата почва се нарекува иловица ,честиците се
прилепуваат ако се навлажнат и е богата со хранкливи материи.
- глинестите почви имаат повеќе од 50% глина Почвите кои
содржат повеке глина се викаат тешки почви , низ нив слабо поминува вода и воздух , а задржуваат хранливи материи.



4 Different Types of Soil: Choose the best soil type for you


Почвен профил:

Почва — Википедија

Oд површината на почватакон дното. Следуваатнеколку различни слоеви или хоризонти.  Сите овие слоеви заедно го образуваат почвениот профил.
Приземен кат: 
Тука растат растенија и живеат животни. Дебелата покривка од растенија може да ја одржува
почвата ладна и ја заштитува од  исушување.
Површински слој:  
На површината на почвата се создава дебела покривка од изумрени растителни органи, која во шумите се нарекува шумска простирка.  Разградувачите ги рециклираат изумрените растенија и животни во хумус.
Длабок слој: 
Овој слој е мешавина од минерални честички и малку хумус во врвниот дел. Потповршинскиот слој е многу посиромашен со органски материи во споредба со површинскиот слој. Во овој слој се наоѓаат најголем дел од хранливите материи на почвата. Тука достигнуваат корењата на растенијата за да најдат вода. Водата ги носи надолу глината и минералните материи.
Раздробен материјал: 
Овој хоризонт се наоѓа најдолу и може да биде многу длабок.Тука воопшто нема органски материи. Тука исто така нема ниту живи ниту изумрени организми. Овој слој изобилува со честички од карпи и е богат со минерали.
Матичен супстрат: 
На крајот има цврсти карпи кои претставуваат непроменета литосфера (земјина кора). Тоа е најдолниот слој кој е создаден пред почвата над него.
                                              
Набљудување на почви, води, воздух, растенија, работата на човекот
Доколку почвата се ископа
како на сликата , може да се видат повеќе различни слоеви:

 слој кој е богат со органски материи, се нарекува хумус и се означува со О;
 слој кој е богат со корени и живи организми, се означува со А;
 слој во кој нема многу живи организми, но има корени од растенијата, се означува со B; и
 слојот над матичниот
супстрат без живи организми и со крупни честички се означува со C.

Почвени организми :

    Почвените животните  се потрошувачи и разградувачи затоа што се хранат со органска материја и распаѓање во нивниот дигестивниот тракт. Некои животни се хранат со корени, а други се хранат едни со други. Постојат неколку видови на црви. Почвените  црви се најлесно да се идентификуваат. Тие јадат растителни материјали и органски материи и излачуваат материи во почвата како храна за други организми. Тие исто така оставаат канали во кои се закопуваат, со што се зголемува аерацијата(збогатување со кислород). 
Покрај црвите, од  инсекти се тврдокрилците кои имаат егзоскелети и членковидни нозе исто наошаат живеалиште во почвата.

Уништување на почвите:

Постојат повеќе активности на човекот кои предизвикуваат уништување на почвите, освен човекот како фактор промената на животната средина  исто така условува уништување на почвата, иако индерктна врска има повторно човекот.

-  Ерозија, поплави,
-  Испостување – намалување на органските материи,постојано садење
-  Загадување со пестициди
-  Вештачки губрива
-  Уништување на живиот свет
-  Загадување со септички јами ,отпадни води