Одржување на здравјето за време на бременоста
Пренатална здравствена заштита
Клучно за заштита на здравјето на фетусот е редовно здобивање со пренатална нега.
Ако мајката е здрава и нема комплицирани фактори на ризик, вршењето на редовни контроли е најважна превентива.
- на секои 4 недели до 28-та недела од бременоста
- потоа на секои 2 недели до 36 недела
- потоа еднаш неделно до породувањето
Во текот на целата бременост, редовно се проверува тежина и крвен притисок, истовремено, проверувајќи го растот и развојот на фетусот. За време на траењето на бременоста, исто така,мора да се вршат пренатални тестови, вклучувајќи крв, урина и цервикални тестови и веројатно барем еден ултразвук.
Здравата исхрана е важен дел од здравиот начин на живот во секое време, но е особено од витално значење за време на бременоста. Здрава исхрана за време на бременоста ќе му помогне на вашето бебе да се развие и да расте.
Не треба да се држи посебна диета, но важно е да се јаде разновидна храна секој ден за да добие точен баланс на хранливи материи што требаат за мајката и фетусот.
Најдобро е да се внесува витамини и минерали од храната што се конзумира, посебно е важно да се земе и додаток на фолна киселина, за да се внесе се што е потребно за време на пренаталната нега.
Нема потреба да се "јаде за двајца"
За бреме на бременоста мајката најчесто е повеќе гладна од вообичаеното, но не треба да се „јаде за 2“ - дури се очекувааат близнаци или тројки.
Важно е да се има здрав појадок секој ден, бидејќи ова може да помогне во избегнување на грицкање храна што содржи многу маснотии и шеќер.
Здраво јадење често значи промена на количините на различна храна што се јаде, така што исхраната треба да е разновидна, наместо да се конзумира само омилената храна.
Овошје и зеленчук во бременоста
Треба да се внесува многу овошје и зеленчук бидејќи тие обезбедуваат витамини и минерали, како и растителни влакна, кои помагаат при варењето на храната.
Пожелно е да се јаде најмалку 5 порции од различно овошје и зеленчук секој ден - во нив може да има свежо, замрзнато, конзервирано, сушено овошје или зеленчук. Секогаш треба да бидевнимателно измиено свежото овошје и зеленчук.
Скробна храна (јаглехидрати) во бременоста
Храната со скроб е важен извор на енергија, некои витамини и растителни влакна помагаат да се чувствува мајката сита без да содржи премногу калории. Тие вклучуваат леб, компири, житарки за појадок, ориз, тестенини, јуфки, пченка, просо, овес, и пченкарно брашно.
Овие намирници треба да сочинуваат нешто повеќе од третина од храната што ке се конзумира. Наместо рафинирана храна со скроб (бело), треба да се избере интегрални житарки или опции со повисоки растителни влакна, како што се тестенини со цело зрно, кафеав ориз или едноставно да не се лупи лушпата на компирите.
Протеини во бременоста
Пожелно е да се јаде малку храна богата со протеини секој ден. Извори на протеини вклучуваат:
- грав
- риба
- јајца
- месо (да се избегнува црн дроб)
- живина
- ореви
За време на бременоста, треба да избегнува да мрсна риба, како што се лосос, пастрмка, скуша и харинга, бидејќи може да содржи загадувачи (токсини).
Треба да се избегнува јадење сурови или делумно варени јајца, бидејќи постои ризик од салмонела.
Млечни производи во бременост
Млечна храна, како што се млеко, сирење, и јогурт, се важни во бременоста, бидејќи содржат калциум и други хранливи материи што се потребни на мајката и на фетусот.
Пожелно е да се изберат млечни производи со со малку маснотии колку и да е можно, како полу-обезмастено, 1 процентно масно или обезмастено млеко, јогурт со малку маснотии и помалку шеќер и тврдо сирење со малку маснотии.
Постојат некои сирења што треба да се избегнуваат во бременоста, вклучувајќи ги и непастеризираните сирења.
Храна која е богата со маснотии, шеќер или и двете
Храната и пијалоците со шеќер често се многу калорични, што може да придонесе за зголемување на телесната тежина. Имањето храна и пијалоци со шеќер исто така може да доведе до расипување на забите.
Маснотиите се многу калорични, па затоа јадењето премногу масна храна или јадењето премногу често може да дојде со поачување на телесната тежина. Јадењето премногу заситени маснотии исто така може да ја зголеми количината на холестерол во крвта, што ја зголемува можноста за развој на срцеви заболувања.
Храната што е богата со маснотии, шеќер или обете, вклучува:
- сите масти што се шират (како путер)
- масла
- преливи за салата
- крем
- чоколадо
- чипс
- бисквити
- колачи
- сладолед
- торта
- пудинзи
- газирани пијалоци
Вода.
За време на бременоста, волуменот на крвта се зголемува за 1,5 литри. Затоа, важно е да се задржи правилната хидратација. Фетусот обично добива сè што е потребно, но ако не внимавате на внесот на вода, може да се случи трудницата да дехидрира.
Добро е бременоста да се започне со таканаречената идеална телесна маса и добра физичка форма. Препорачаниот пораст на телесната маса е од 9 до 11 килограми, односно 20% од телесната маса.
Што би требало да се одбегнува во исхраната?
Масна, зачинета, многу блага или многу солена храна.
Секако, не треба ни да ги спомнеме алкохолот и цигарите.