Tuesday, February 23, 2021

Кружење на крвта VIII одд

 

Циркулаторен систем - кружење на крвта 



 Што прави срцето?

  Срцето е пумпа, обично чука околу 60 до 100 пати во минута. Со секое чукање на срцето, срцето испраќа крв низ нашeто  тело, носејќи кислород до секоја клетка. По доставувањето на кислородот, крвта се враќа во срцето. Срцето потоа ја испраќа крвта до белите дробови за да собере повеќе кислород. Овој циклус се повторува одново и одново.

Што прави циркулаторниот систем?

Циркулаторниот систем е составен од крвни садови кои носат крв подалеку и кон срцето. Артериите носат крв од срцето и вените ја враќаат крвта назад во срцето.
Циркулаторниот систем носи кислород, хранливи материи и хормони во клетките и ги отстранува отпадните материи, како јаглерод диоксидот. Овие патишта патуваат само во една насока, за да ги одржуваат работите таму каде што треба.

Кои се деловите на циркулаторниот систем?

Постојат три различни типа на циркулација кои  се јавуваат во организмот:

Пулмонална циркулација- мал крвоток: Овој дел од циклусот носи крв која е редуцирана , до белите дробови и назад кон срцето.

Телесна циркулација- голем крвоток: Ова е дел што носи оксигенирана крв од срцето  до другите делови на телото.

Коронарна циркулација: Овој вид циркулација му обезбедува на срцето кислородна крв за да може да функционира правилно.

 Белодробна/пулмонарна циркулација - мал крвоток:



Пулмоналната/белодробната  артерија е голема артерија што излегува од срцето која носи редуцирана крв Се дели на две главни гранки и носи крв од срцето до белите дробови. Во белите дробови, крвта зема кислород и го  ослободува јаглерод диоксидот со дифизија.
Крвта потоа се враќа во срцето преку 4 пулмоналните белодробни  вени, кои влегуваат во левата предкомора од срцето, со тоа завршува малиот крвоток.




Во телесната циркулација- голем крвоток:


Големиот крвоток го прават артерии кои носат оксидирана крв кон целото тело.  Започнува со левата комора со најголемуиот крвоносен сад наречен аорта.
  Аортата е голема артерија што излегува од  левата комора на срцето носејќи ја оваа оксидирана или кислородна крв кон целото тело. Аортата формира аортен лак една гранка од аортата  испраќа крв до мускулите на самото срце, и го кои го формираат коронарниот крвоток,  останатите гранки носар оксидирана крв кон главата и рацете, а самиот оартен лак продолжува надолу кон абдоменот  снабдувајки ги внатрешните органи и екстремитетите. 
Како дрво, гранките стануваат сè помали, додека се оддалечуваат од аортата и влегуваат во сите внатрешни органи, формираат артериоли кои формираат капилари. Капиларите имаат многу тенки sидови и преку нив хранливите материи и кислородот се доставуваат до клетките. Отпадните производи се внесуваат во капиларите.
Тогаш капиларите водат во мали вени- венули. Малите вени доведуваат до поголеми и поголеми вени кога крвта се приближува до срцето. 
Клапите во вените овозможуваат  да тече крвта во правилна насока. Две големи вени што водат во срцето се горната шуплива вена и долната шуплива вена. 
(Термините супериорна и инфериорна не значат дека едната вена е подобра од другата, туку дека се наоѓаат над и под срцето.)



Откако крвта ќе се врати во срцето, треба повторно да влезе во белодробната циркулација и да се врати назад во белите дробови за да испушти јаглерод диоксид и да земе повеќе кислород.

Eдукативно видео - голем и мал крвоток.