Wednesday, November 13, 2019

Мускулен систем кај човек VIII одд.


ГРУПИ НА СКЕЛЕТНИ МУСКУЛИ 

List of skeletal muscles of the human body      VIII


Primary education

Во телото има повеќе од 600 мускули, кои заедно сочинуваат околу 40 проценти од тежината на една личност.
Повеќето скелетни мускули имаат имиња кои опишуваат некои карактеристики  на мускулите. Честопати неколку критериуми се комбинираат во едно име. 
Поврзувањето на карактеристиките на мускулите со неговото име ќе ви помогне да ги научите и запомните. 
Следниве се некои термини кои се однесуваат на мускулните карактеристики кои се користат при именување на мускулите.


Според формата: 
  1. делтоиден (триаголен); 
  2. ромбоиден (како ромб со еднакви и паралелни страни); 
  3. латисимус (широк); 
  4. терес (круг); 
  5. trapezius (како трапез, четиристрана фигура со две страни паралелни).
  6. вретеновидни (на рацете и нозете)
  7. плочести (стомак и грб)
  8. лентовидни( на вратот)
  9. кружни (на устата и окото)
  10. свинктери(на завршеток  мочен меур и  дебело црево)


Локација: 

пекторалис (градите); 
глутеус (задник или задница);
 brachii (рака); 
латералис (странично).

Број на потекло: 

бицепс (две глави); 
трицепс (три глави); 
квадрицепси (четири глави)

Дејство: 

флексори - превиткувачи  (за свиткување пр. рака);
екстензори - испружувачи (за испружување пр. рака)
аддуктори - приближувачи (за приближување кон трупот);  ;
абдуктори -  одалечлувачи  (за одалеќување од трупот); 
леватори - кревачи  (за подигнување или подигнување на телотоа);
депресори - спуштачи ( за спуштање на телото
масер (џвакач).

  
Човечки мускулен систем, мускули на човечкото тело кои работат заедно со  скелетниот систем, кои се под доброволна контрола и кои се занимаваат со движење, држење и рамнотежа. Општо земено, човечкиот мускул - како и мускулите на сите 'рбетници - често се поделени на 
  1. напречно-пругастите мускули (или скелетни мускули), 
  2. мазни мускули и 
  3. срцев мускул. 
Мазните мускули се под неволна контрола и се наоѓаат во ѕидовите на крвните садови и на структурите како што се мочниот меур, цревата и желудникот. 
Срцевиот мускул ја сочинува масата на срцето и е одговорен за ритмичките контракции на тој витален орган за пумпање; и тоа е под неволна контрола. Со многу малку исклучоци, распоредот на мазните мускули и срцевиот мускул кај луѓето е идентичен со распоредот што се наоѓа кај другите 'рбетници.
Напречно-пругастиот мускул или ткиво е познато и како скелетно е волево мускулно ткиво и ни го движи телото , тој е во директна врска со коските преку тетиви.


 При именувањето на мускулите се користат голем број на особини. На пример: местото каде се наоѓат(блиску до коска), големината(голем, мал, широк), обликот (кружни, триаголни делтоидни), бројот на глави со кои се поврзува(бицепс, трицес, квадрицепс). При именувањето се користат повеќе од една особина.

Мускулна клетка.

Скелетното мускулно ткиво е составена од долги клетки наречени мускулни влакна кои имаат пругаста изглед.Мускулните влакна се организирани во снопови снабдени од крвните садовии инервирани од нервни клетки.Секое скелетно мускулно влакно е една цилиндрична мускулна клетка. Еден поединечен скелетен мускул може да биде составен од стотици, па дури и илјадници мускулни влакна споени заедно и обвиткани во обвивка на сврзното ткиво.

















Контракција на мускулно ткиво .

    Контракција на мускулното влакно значи скратување и отпуштање на мускулното влакно прии негово функционирање


скратување на мускулот
Секое мускулно влакно во својата внатрешност содржи миофибрили

Секое мускулно влакно содржи од неколку 100 до неколку 1000 миофибризи. 

Тие се врски со актинот и миозинот кои претставуваат протеини кои раководaт со должината на мускулот и се многу важни за мускулната контракција.




Околу миофибрилот има мрежа на канали наречени саркоплазмични ретикулуми. Тука се чува калциумот кој е многу важен за контракцијата. 

Поврзувачките канали поминуваат од сарколемата низ миофибрилот служат како трансмитери пренесувачи  на нервните импулси.

 Секој миофибрил може да биде разделен со  сегменти наречени саркомери.



олабавување на мускулот

















Пример за тоа како 2 сета на
мускулите на рацете се движат за да ја повлечат
коската, на едната страна, а потоа на другата, во зависност од тоа како раката
сакаме да ја  движеме. Тие дејствуваат антагонистички спротивно еден на друг, поради тоа околу една коска има антагонистички мускул и агонистички мускул



1. Мускули на главата

     Целата мускулатура  на главата е поделена според функцијата што ја врши таа на две големи групи: а) џвакачка мускулатура - учествува во цвакање на храната, б) мимичка мускулатура- учествува во изразувањето на мимиките на лицето. 
Мускулите кои го даваат изразот на лицето обично се кружни мускули наречени орбикуларни мускули, тоа се кружен мускул на очите (muscul orbicularis oculi), и кружен мускул околу устата(muscul orbicularis oris).
 Еден од најголемите мускули кој го дава изразот на лицето и го формира образот е буцинатор или трубачки(muscul bucinator). 
  Мускул кој учествува во  мимичката мускулатура е  челниот мускул  
(muscul frontalis)
Во процесот на џвакање учествуваат мускулите кои се сврзани за долната вилица и овозможуваат нејзино движење, најголеми се слепоочните мускули (muscul temporalis)  и вистинскиот џвакачки мускул (muscul masseter).
1. челниот мускул (muscul frontalis)
2.слепоочен мускули (muscul temporalis) 
3.кружен мускул на очите (muscul orbicularis oculi)
4. џвакачки мускул (muscul masseter)
5.буцинатор или трубачки(muscul bucinator)
6.кружен мускул околу устата(muscul orbicularis oris).


2. Мускули на вратот

  Вратните мускули имаат лентовиден облик и се протегаат нагоре или надолу во пределот на вратот. Дејствувајќи заедно кога ја носат главата напред од градниот кош или ако дејствуваат одделно кога ја криват или вртат главата.

1.Голем вратен мускул (muscul sternocleidomastoideus)
2.мускул трапезиус(muscul trapezius)











3. Мускули на грбниот и градниот дел

    Положбата на рамото зависи од трапезоидниот мускул(прикажан во вратниот регион) учествува во вртење на главата и подигање на рамото. Широкиот грбен мускул почнува од рбетниот столб и ја затвара долната половина на градниот регион. Големиот граден мускул сместен на двете страни на горниот дел на градниот кош напред на телото. Делтовидниот мускул го покрива раменскиот зглоб и служи за изведување на кружни движења на горниот дел на раката.

Голем граден мускул
Широк грбен мускул





4. Мускули на трупот


Мускули за дишење

     Најважен мускул кој учествува во дишењето е дијафрагмата. Во облик на купола и ја дели градната и стомачната празнина. Кога дијафрагмата ќе се контрахира таа се спушта надолу кон стомачната празнина, а со тоа овозможува ширењена градната празнина.
Меѓуребрените мускули  (mm.intercostales)  тие се внатрешни и надворешни се поврзуваат и ги исполнуваат просторите помеѓу ребрата, служат како подигнувачи на ребрата со што ја зголемуваат градната празнина.









Стомачни мускули

  Стомачната празнина од предната и бочните страни е затворена со јак мускулозен ѕид. Сите мускули се двојни помесени лево и десно од  медијалната линија. Во стомачниот  ѕид се наоѓаат 4 големи мускули. Еден од нив е рамниот стомачен мускул(muscul rectus abdominis).



















5. Мускули на екстремитетите 

   Мускулите на екстермитеттите се поделени на две големи групи, мускули на горни екстремитети и мускули на долни екстремитети.Сите се двојни и се наоѓаат симетрично на левиот и десниот екстремитет.

Горни екстремитети 

 Тука спаѓаат голем број на мускулни групи: а) мускули на раменски обрач б) мускули на надлактицата в) мускули на подлактицата.
Во мускули на надлактицата се : 
- двоглав мускул (m.biceps brahii)
- троглав мускул (m.triceps brahii) 
- обичен мускул на надлактица(m. brahialis)
Во мускули на подлактицата спаѓаат мошне голема група на мускулии и сите се превиткувачи и истегнувачи на дланката флексори и екстензори.

















Долни екстремитети 

Мускулите на долните екстремитети се продолжение на мускулите на карличниот појас, поделени се на мускули на натколеница, подколеница и мускули на стопало.
- кројачки мускул (m. sartorius)
- четириглавиот мускул (m. quadriceps femoris)
- двоглав мускул на надколеница (m.biceps femoris)

Потколенични мускули

Поделени се во три групи флексори и екстензори на стопалото.
- триглав мускул на потколеница(m. triceps surae)
- двоглав листен мускул (muscul gastrocnemius)  е главен мускул на листовите на ногата наречен е мускулза играњена прсти и се фаќа со една мошне јака тетива т.н Ахилова тетива и претставува најголема тетива во човековиот организам.




   





















После 40. година од животот мускулните клетки почнуваат  постепено да се намалуваат, се губи силата на мускулот. Активноста  и физичката активност ја  намалуваат можноста за несакани ефекти при стареење на организмот.


Интерактивно видео за мускулен систем.