Wednesday, March 25, 2020

Пренос на вода и минерални материи од почвата кај растенијата VII





Пренос на вода и минерални соли кај растенијата од почвата


Употреба на водата


На растенијата им треба вода за повеќе функции:



1а произведување на храна      

   -фотосинтеза

2.  За пренос на растворени биохемиски соединенија низ растението и пренос на минерални материи од почвата растворени во водата низ целото растение

3. За ладење на растението низ испарување од листовитеΑποτέλεσμα εικόνας για water transport to plants

4. За задржување на цврстината на листовите и потпора на растението





 


1а произведување на храна -фотосинтеза






     
           реактанти     =     продукти

   Водата е важна за фотосинтезата бидејќи е еден од реактантите на фотосинтезата. Активно учествува во реакциите на фотосинтезата, и еден од ректаните кој е важен во добивањто на   продуктите на фотосинтезата а тоа е кислородот.


2.  За пренос на растворени биохемиски соединенија низ растението и пренос на минерални материи од почвата растворени во водата низ целото растение


   Водата е универзален растворувач, растението ја прима водата преку кореновиот систем и во нејзе се растворени и минералните материи кои се потребни за опстанок на растението , за нормално вршење на фотосинтезата и останатите процеси кои се  вршат во клетката. Водата се пренесува кај растението преку посебен  спроводен систем. Овој спроводен систем растението го користи и за пренесување на растворените материи низ растението.


3. За ладење на растението низ испарување од листовите

Дел од водата која доаѓа преку коренот учествува во ладење кај растението, особено кај растенијаат во  топлите предели.  Пренесувањето на водата се врше преку спроводен систем кај растението. Овој систем исто има големо значење во процесот на пренос на водата, во ладењто кај растенијата и во процесот наречен транспирација.

Спроводен систем или спроводно ткиво кај растенијата

  Спроводните ткива, како што кажува и нивното име, служат за транспорт на органски и неоргански материи низ растителното тело. Има два типа на спроводни елементи: 

1. ксилем  кој ги транспортира водата и неорганските материи од коренот  до листот и другите делови. Kсилемот е изграден од надолжно поврзани цевчести клетки и ја пренесува водата нагоре од коренот кон стеблото и листовите.
2. флоем  кој врши транспорт на продуктите (гликозата) од фотосинтезата од листот до целото растение.Ова ткиво најчесто се наоѓа на надворешната страна на ксилемот. Тоа е изградено од ситести клетки, ситести цевки и клетки придружнички.






    Водата по пат на осмоза ја прима растението од почвата низ кореновите влакненца. Дел од водата што стигнува до листовите испарува преку воздушните простори на листот и стомите овој процес на испарување на водата се нарекува транспирација.
Αποτέλεσμα εικόνας για транспирација

    Транспирација е испарување на водата кај растенијата, најголем дел кај листовите, но исто така и кај стеблото, цветот, коренот. Најпрво растенијата ја примаат водата заедно со минералните соли преку коренот, потоа тие со помош на кореновиот притисок се искачуваат по стеблото. Тое се искачуваат низ спроводните цевчиња (ксилемот) и одат се до листот каде што преку стомите кои се наоѓаат на задната страна од листот се исфрла водата. Минералните соли остануваат во растението за да ги изградат клеточните структури. Преголема транспирација е штетна за растението поради тоа што тоа може да умре. На листопадните растенија им паѓаат листовите поради тоа што земјата е влажна и тие можат да изгубат големо количество на вода преку транспирацијата. 
Нормален процес имаме кога растението прима повеќе вода одколку што ја испушта со транспирацијата. Во спротивен случај се јавува привремен недостиг на вода во растението што се одразува со свенување на листовите.

Транспирацијата може да биде:

1. стоматална - Во најголема мера транспирацијата се одвива преку стомите    затоа и се вика стоматална. Испуштањето на водената пара преку стомите се одвива кога тие се отворени.
2. лентицеларна е испуштање на водата преку лентицелите, а се врши кај старите изданоци на дрвенестите растенија. Во однос на другите видови таа транспирација е најслаба.

3. кутикуларна таа се одвива кога стомите се затворени, односно во отсуство на стоматалната транспиација.

Едукативно видео за транспирација тука  


4. За задржување на цврстината на листовите и потпора на растението


     Кога водата навлегува во клетките на растението по пат на осмоза, таа го зголемува притисокот во клетките потиснувајќи ги вакуолите кон ѕидовите на клетката.
Тој притисок ги одржува ѕидовите на клетката цврсти и напнати, со што растението добива потпора.  Во спротивно кога кај растението недостасува вода тоа станува меко и почнува да венее. Во процесот за давање на потпора кај растението голема улога имаат вакуолите во клетките.