Monday, April 6, 2020

Класифицирање на безрбетници VIII



2В: TЕМА 8.6 КЛАСИФИКАЦИЈА
Класифицирање на безрбетници     VIII


Класификација е потребна за групирање на организмите  според некои нивни заеднички каректеристики. Преку класификации е олеснето учење на огромен број видови во светот.
Секој организам има свое латинско име и народно име, народното име се користи во локално.  Во билогија секогаш се користи латинскиот назив на еден организам. Научните имиња или латинските имиња се неопходни во секојдневната комуникација , бидејки научниците може да се сигурни дека разговаарат за ист вид на организам.
Класификацијата е потребна за распоредување на организмите во групи, според некои нивни заеднички каректеистики.
Сите живи организми на планетата се групирани во 5 царстава.

1.  Monera -procariota, Бактерии,
2.  Protista (Protozoa ,Algae)
3.  Fungi -Габи 
4.  Plantae - Растенија и 
5.  Animalia - Животни 

Сите живи организми се поделени во царстава, царствата се групирани во типови или оддели, типовите се групирани во класи, класите во редови, редовите се групираат во фамилии и секоја фамилија содржи повеќе родови, секој род  опфаќа одереден број на видови. Поради денешната разлика на одредени видови поо некои каректеристики можеме да ги поделиме на  подвидиви или сорти или пак вариетети.
 Значи  класификацијата на сите живи организми е следната
1. Царство
2. Тип
3. Класа
4. Ред
5. Род
6. Вид
7. Подвид
 Видовите имаат две имиња според номенклатурата која се користи денеска според Карл Лине - Carolus Linnaeus, 1707–1778) наречено бинарна номенклатура со што се искажува родовото име и видовото име.


Пример: Класификација на човекот:

Царство Animalia (животни)
Тип Chordata (Хордови)
Класа Mammalia (Цицачи)
Ред Примати
Фамилија Hominidae
Род Homo
Вид sapiens (читање според биномна номенклатура: Homo sapiens - разумен човек).


Во оваа наставна единица ке се изучуваат царството на животни и царствотвото на растенија.


Царство на животни - Animalia


Learnhive | ICSE Grade 6 Biology Classification of Animals ...


Низ целиот свет, присутни се многу различни животни. Многу животни се доста слични едни на други, додека други се различни од другите. Значи, животните можат да се класифицираат врз основа на нивната сличност.

Целото животинско кралство е поделено во две главни групи. 
Тие се 
1. 'Рбетници  Vertebrata и 
2.  Без 'рбетници Invertebrata

Првата група која ќе ја изучиме е Без'рбетници.

Без 'рбетници -  Invertebrata






Без'рбетниците се животни кои немаат 'рбет. Некои имаат меки тела, како црви, полжави и медузи. Други без'рбетници, како инсекти, пајаци и ракови, имаат тврда надворешна обвивка наречена егзоскелет. Ова го штити нивното тело малку како костум на оклоп.

Во безрбетници спаѓаат: 
1  класа Сунѓери; 
2. класа Копривкари (мешести организми); 
3. класа Црви; 
4. класа Мекотели; 
5. класа  Членконоги (ракови, инсекти, пајаковидни животни)
6. класа Иглокожи; .

1-класа СУНГЕРИ - Porifera

Сунѓерите се наједноставно градените многуклеточни организми  (Metazoa). Тоа се бесткивни метазои коишто живеат во водена средина, во морињата, а помал број во слатките води. Нивното тело е составено од голем број на клетка кои вршат одредена функција. Тие се расфрлани низ целото тело на сунѓерот, и не се групирани како кај ткивните животни, при што секоја клетка одделно си врши своја функција.
Сунѓерите по форма може да бидат: 
топчести (охридски топчест сунѓер(ендемичен вид), 
морски сунѓер портокал, 
лишпест (го има во Охридско  Езеро), пехаресто тело.
Познати се околу пет илјади видови сунѓери. 
Телото на еден сунѓер е изградено од 
- ектодерм (надворешен слој) и
 - ендодерм (внатрешен слој). 

Melissa Blog: Digestion Of The Sponges
     Видови:
      • Sycon
      • морски портокал
      • грчки сунгер
      • охридски сунгер




2- класа  КОПРИВКАРИ - Cnidaria

Жаркарите или копривкари се многуклеточни организми  со радијална симетрија на телото. Во еволутивен поглед   се на ниво одма после сунгерите. Имаат едноставни ткива, како на пример примитивното нервно ткиво. За нив е карактеристично што се јавуваат во две животни форми, како:
    - полип и како 
    -медуза
 Околу устата имаат пипки со книди, кои при допир жарат (оттука и името).

Biology of Marine Cnidarians [Phylum Cnidaria (= Coelenterata ...       









Телото на копривкарите е изградено од надворешен слој епителни клетки (ектодерм) во која покрај епителните има и жарни клетки. Жарните клетки се изградени од меурче во кое се лачи отровна материја и од долго конче со зашилен врв кој се забодува во телото на жртвата и пленот се убива, а со помош на пипалата пленот се внесува во устата и мешето каде што се вари храна со соковите кои ги лачи ендодермот.
Карактеристичен белег за жаркарите е присуството на жарните клетки - книди, кои претставуваат орудија за напад и одбрана. Органи за  дишење, крвоток, и екскреција  отсуствуваат. Кислородот го внесуваат со дифузија преку целата телесна површина
 Копривкарите се посложени животни од сунѓерите.
Познати се околу девет илјади копривкари. 
Типични претставници на копривкарите се 
   1. Хидри 
   2. медузите  
   3. коралите 
   4. Морска саса

Хидра



3. 






медуза









морска саса











корални гребени









3-класа Црви 
Црвите се животни со тенко, издолжено и меко тело. Телото на црвите е покриено со еднослоен епител, а заштитено со кутикула. Под кутикулата се наоѓа мускулното ткиво, ткиво си чија помош црвот се движи. Потоа следува телесната празнина каде што се сместени сите органи. Кај паразитските црви сите органи се упростени. 
Најпознати редови црви се: 
1 ред.прстенестите (дождовени црви, пијвици и морски црви), 
2 ред.плочести црви (планарија) и празитски црви (тениите).
3 ред.валчести црви (детска глиста)

1 ред. Прстенестите црви (лат. Annelida) се типот на животни што спаѓаат меѓу најразвиените групи на без' рбетници. Карактеристичен белег за нив е што телото е изградено од голем број на членчиња (односно сегменти), кои се еднакви меѓусебно по големина. Ваквата појава се нарекува хомономна сегментација.Денес се познати околу 9.000 видови на прстенести црви. Тие се поделени во три групи:
  1. многучетинести- морски претставници
  2. малкучетинести - почвени претставици и живеат во копнени води  и 
  3. пијавици - Присутни се пијавки (предна и задна) кои служат за прикрепување на подлогата.  Има слободни и паразитски  форми.


2 ред .Плочести или сплесканите црви, односно типот Platyhelminthes се најниско градени билатерално симетрични и ткивни животни, со слободен или  паразитски  начин на живеење. Инаку, основната форма на телото е вретеновидна, листовидна или лентовидна, додека големината варира од 1 mmm до 10 m во должина. Денес се познати околу 15.000 видови на сплескани црви.


Сплесканите црви се делат на следниве класи:

  1. класа Тении (Cestoda)
  2. класа метили (Trematoda)
  3. класа Еднороди (Monogenea)
Тении (паразити) каректеристична група на црви која паразитира кај
луѓето и може да предизвика сериозна компликација, доколку
навремено не се лекува.
свинска тенија
 - говедска тенија
 - кучешка тенија




3 ред. Цевчестите црви (или кружни црви, односно Nematoda) се голем тип на животни со илјадници видови. Овие црви некогаш се класифицирале во многу голема и хетерогена група на животни, групирани врз база на нивната црвовидна форма.Телото на цевчестите црви е долго и тенко, а понекогаш може да биде и во вид на конец. Токму од оваа особина доаѓа и името на овие животни - зборот "нематода"



4 -класа МЕКОТЕЛИ - Mollusca
Мекотелите (тип: Mollusca) се ткивни животни кои спаѓаат во без' рбетници. Во рамките на еуметазоите со несегментирано тело, тие го достигнале највисокиот развиток. Денес се познати над 100.000 видови на мекотели, од многу ситни (неколку mm) до многу крупни форми (некои главоноги достигаат и над 15 m). Мекотелите се најкрупните денешни без‘рбетници.
Мекотелите имаат меко и нежно тело, по што го добиле и своето име. Телото на мекотелите е поделено на три дела: глава, труп и стопало. На главата се наоѓаат устата и сетилните органи. Во трупот се внатрешните органи. Стопалото е месест орган кој служи за движење. Кај мекотелите постои уште и мантија – голем кружен набор на кожата меѓу трупот и стопалото. Телото е покриено со епител. Во епителот има жлездести клетки кои лачат лига и клетки кои ја лачат зштитната варовникова обвивка. 
Мекотелите се една од најбројните групи животни – со околу сто илјади претставници. 
Типични претставници на мекотелите се: 
1. Хитони приспособени да живеат на тврди подлоги;
2. Полжави полжавите се најголема и најразновидна група мекотели. Главата им е добро развиена, стапалото е широко и рамно, а черупката има спирален облик.Попознати полжави се: лозов, гол полжав, морско уво, барски полжав и други. 
3.Школки -   школките кои се припособиле да можат да се кријат и живеат во меки подлоги на слатките или солените води. Мекото тело кај школките е заштитено со черупки кои на предната страна може да се отвораат, а на задната страна се поврзани; Познати школки се: барска, речна, црна школка, острига, паластура и други. 
4.Главоноги - главоногите кои се жители исклучиво во солените води. Кај нив стапалото е изменето и е во вид на пипалка сместени околу устата. Како претставници од оваа група се октоподите и сипите.


Phylum Mollusca (General characteristics and classification ...


5 класа ЧЛЕНКОНОГИ  - Arthropoda
Членконогите (лат.Arthropoda) се најголемиот и најразновидниот животински тип.  Во членконоги спаѓаат   три подгрупи
  1.  Branchiata
  2. Chelicerata
  3. Tracheata
Во првата група спаѓаат раковите
Во Chelicerata се сместени 
      1. пајаци
      2. скорпии
      3.  крлежи
Во групата на трахеата се инсектите  како најголема група.
Исто така во членконоги спаѓаат и 
  •  многуногалки  и една група на изумрени членконоги
  • трилобита.
  • Членконогите се карактеризираат со сегментирано тело  прекриено со сегментиран надворешен скелтет - егзоскелет, со парни сегментирани додатоци на секој сегмент.  Присутен е комплексен нервен систем со дорзален мозок - ганглија , со конективни нерви кои минуваат низ антериорниот крај на  дигестивниот систем  и вентрален нерв со ганглија во секој телесен сегмент. 
  • Поради тоа што поврзаниот егзоскелет го блокира растот на  организмот, тој мора периоднично да се менува по пат на преслекување. Овој феномен наречен екдиза е карактеристична особина за овој тип животни; овозможува брзо растење и значајна промена во формата на телото сè додека новиот егзоскелет, секретиран од животното, не се стврдне.
Нозете се составени од членчиња кои се зглобно поврзани. Ова им дава можност на членконогите да ги свиткуваат нозете во правецот во кој се движат. Телото им е зашитетно со хитин. Хитинот го лачи надворешниот дел на кожата. Меѓу членчињата тој е мек и растеглив. Ова го прави телото на членконогите подвижно. Многу животни можат да ја напуштат водената средина да се присопсобат на субоземен живот. За оваа споспобност е заслужен хитинскиот скелет. При процесот на развивање хитинот пука и се создава нов (ракот првите години се преслекува два до три пати годишно).
 Членконогите имаат отворен циркулаторен систем. Хемолимфата со хемоцијанинот, респираторен пигмент заснован на бакар, се пренесува  од страна кон серии од срца во телесната празнина каде доаѓа во директен контакт со ткивата.
Членчињата имаат посебни делови на телото и тоа: глава со уста, очи и пипала, гради со нозе, крила (кај инсектите) и абдомен – меше.

1. РАКОВИ
Раковите се голема група животни со околу триесет илјади видови. Тие живеат во морските копнените води. Телото на раковите им е изградено од 10 – 15 членчиња. Членчињата се групирани во: глава и гради (или главоградник) и абдомен.Познати морски ракови се: 
    - јастрог, 
   - крабата, 
  -  шкампите и други. 
Познати слатководни ракови се 
 - циклопс, 
 - водна болва (дафнија) и 
  -речниот рак.

2. ИНСЕКТИ
Телото на инсектите е поделено на три дела: глава, гради и абдомен. На главата се наоѓаат добро развиените очи, сетилото за мирисање и устен апарат за грицкање, боцкање, лижење и цицање. 
На градите има три пара нозе за движење. На грбната страна има крила – тенки кожни набори со мрежа од жилички кои служат за летање. Мешето им е изградено од членчиња со малку хитин. Инсектите се најбројната група со преку еден милион претставници.Тие се приспособени да живет на копно, во вода и во воздух. 
Некои инсекти се приспособени да живеат и во телата на животните и растенијата (растителните вошки, шугавецот и крлежот). 
Најпознати се: пеперутките, мувите, комарците, скакулците, лебарките, пчелите, бумбарите. 
3. Во пајаковидни животни спаѓаат: пајаците, крлежите и шкорпиите. Шкорпиите живеат во сушни предели. Пајаците живеат во станбени простории. 
Кучешкиот крлеж и шугавецот паразитираат во животните. 
Познат отровен пајак е тарантулата и црна вдовица.

црна вдовица 











Тарантула











Посебна група се стоногалките или многуножните животни живеат во земјата. Многуножните животни се хранат со ларви и ситни животни. Некои се отровни.

Picture
Разлика помеѓу инсекти и пајаци. Инсектите се со 3 пара нозе, 
а пајаците се со 4 пара нозе. 
Picture

6. Иглокожи - Echinodermata

Иглокожите се морски животни. Најчесто живеат во плитките води. Телото им е покриено со тенка кожичка под која се наоѓа варовнички скелет. Варовнички скелет е составен од варовнички плочки (се наредени во низа) преку кои на површината на телото излегуваат иглички. 
Поради игличките на кожата оваа класа го има добиено името иглокожи. Иглокожите се движат со помош на боцките и амублакралните ноџиња (водни ноџиња). Иглокожите се хранат со ситни растенија и животни.

Phylum Echinodermata General Characteristics and Classification ...