Thursday, October 8, 2020

Каректеристиките на живите организми VII одд.


 ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖИВОТОТ


   Можеме да најдеме многу работи околу нас, од планини и океани до растенија и животни. Земјата во која живееме е составена од неколку нешта. Овие „нешта“ можат да се категоризираат во два различни вида - Жива и нежива материја.

Живата материја или организми дишат, се хранат, растат, се движат, се размножуваат и имаат сетила.
Неживата метрија не се храни, не  расте, не диши, не се движи и не се размножува. Таа немаат сетила.
Живата материја  има „живот“, иако некои можеби не ги покажуваат неговите очигледни знаци. На пример, едно дрво веројатно не би реагирало на ист начин како што би реагирал човекот. Не би реагирало кога ќе го удриме и можеби нема да може да се шета наоколу. Иако знаците на живот што ги покажуваат тие не се многу забележливи, тоа не ги прави неживи.

1. Живи организми или жива материја

  Живите организми постојат и се живи,  се градени  од микроскопски структури наречени клетки. Тие растат и покажуваат движење или локомоција. Примери за живи организми  се животни,  растенија, габи, едноклеточни организми и секако  човечки суштества.

Нежива материја

Неживита материја не е жива. Тие не поседуваат живот. Таа нема клетки и не расте и не покажуваат движење. 

Неживата материја немаат животен век. Таа не спаѓаа во ниту еден циклус на раѓање, раст или смрт. Таа е создадена  од надворешна енергија.

Примери за нежива материја вклучува камен, карпа, почва, вода, воздух, сончева енергија итн.
Биологијата како природна наука ги истражува и изучува живите организми, но никако не може да ја исклучи неживата материја, која е дел од сите активности на живите организми.
Сите живи организми имаат клеточна градба и вршат животни процеси. Во однос на клеточната градба сите живи организми се изградени од клетки, во зависнот од тоа какви органзимо градат овие клетки постојат 
1. Растителни клетки кои градат растителни организми и 
2. Животински клетки кои градат животински организми.

Сите овие организми вршат животни процеси кои се неопходни за нивен опстанок, заедно овие животни процеси и клеточната градба на живите организми ги прават биолошките особини на живите организми. 

1.1. Животни процеси

Живите организми имаат одредени заеднички животни процеси.Постојат седум процеси што треба да ги вршат  за да сметаат дека се живи организми.

1.Движење - сите живи организми се движат, дури и растенијата
2. Дишење -  сите живи организми дишат за добивање енергија од храната
3. Осетливост - откривање на промени во околината
4. Раст - растат сите живи суштества
5.Размножување - создавање потомство од ист вид
6. Излачување - ослободување од непотребните материи
7. Исхрана - внесување и користење храна















1. Движење



Сите живи организми се движат, се движат животните, кое го нарекуваме активно движење и поместување од место на место со цел задоволување на нивните потреби. Се движат и растенијата, оваа движење го нарекуваме пасивно, пр. вртење кон изворот на светлина, отварање и затварање на цветовите, движење на коренот кон изворот на вода итн.





2. Дишење

Сите живи организми дишат. Внесуваат кислород заради ослободување на  енергијата од храната, за што е потребно кислород, со осолободувањето на енергијата од храната се ослободува јаглерод диоксид кој се издишува. Копнените организми дишат со бели дробови или трахеи кај инсектите, а водените организми со жабри.


3. Осетливост


Сите организми реагираат на животната средина. Животните имат органи за реагирање на дразби, ратсенијата реагираат со целото тело.











4. Растење


Живите организми ратстат и се развиваат. Животните имаат органичено расрење, односно ратстат до одреден периот од животот. Растејата растат додека се живи.









5. Размножување

За да постои еден жив организма мора да се размножува, доколку некој организма нема можност да се размножи и да остави потомство неговиот вид со текот на времето ке исчезне.








6.  Излачување

Процесот на излачување е важна животна активност. СО исхраната кај секој организам се создаваат непотребни материи или тиксини кои организмот мора да ги исфрли од телото. Кај животните постојат органи за излачување, а кај ратсенијата тој процес се врши преку листовите.







7. Исхрана 

Живите организми мора да се хранат, од храната дибиваат енергија која им овозможува да опстанат. Постои разлика во исхраната кај растенијата и животните.
Растенијата се хранат автотрофно односно самите си здаваат храна со процесот фотосинтеза, додека животните се хранат хетеротрофно односно се хранат со готова храна која ја добиваат од растенијата.



Проследете го едукативното видео за животни процеси.