Wednesday, October 14, 2020

Периферен нервен систем VIII одд.


Периферен нервен систем 

 


    Периферниот нервен систем го сочинуваат сите нерви кои носат нервни импулси од органите до черепниот и рбетниот мозок.  Во зависност од начинот на регулирањето тој е поделен на:

1. Цереброспинален или соматски дел кој опфаќа  12 главени , мозочни или черепни  нерви  и гагнлии и 31 пар на рбетни нерви и ганглии. Исто така е наречен соматски бидејки ги контролира и усогласува функциите на скелетните мусклули поврзани со свесните или процеси под влијание на нашата волја, пр. движење, трчање, пишување итн.


Значи соматскиот дел го сочинуваат 12 главени или черпни нерви кои излегуваат од черпниот мозок кои излегуваат од ралични делови и се упатуваат кон мускулите, сетилата и жлездите лоцирани на главата, пример тоа се мирисен нерв, виден нерв, окодвожеччки нерв, лицев, слушен итн.








Соматичкиот дел опфаќа и 31 пар на рбетнио нерви, кои излегуваат од рбетниот мозок и тоа еден пар од секој сегмент на рбетот.Овие нерви може да бидат сензитивни, моторни и мешани.





2. Вегетативен или автономен дел кој е изграден од вегетативни ганглии и нерви. Се нарекува вегетативен бидејки ги регулира и координира неволевите активности на виталните органи, пр. работа на срце, желудник,  дишење итн. Тој се состои од:

     - симпатичен дел

    -  парасимпатичен дел 

   Иако внатрешните органи, како срцето, белите дробови, желудникот имаат нервни влакна за испраќање на примените дразби до черепниот и 'рбетниот мозок, најчесто нивната работа не е под влијание на свеста. Ваквите сензорни дразби се претвараат во рефлексен одговор, што доаѓа од центри во черепниот мозок. Овој систем ја регулира функцијата на жлездите, мазните мускули и крвните садови.Промените кои се случуваат во зоната што се регулира, доведуваат до создавање на дразба на која ќе и се одговара. Многу органи примаат и симпатичка и парасимпаричка дразба, а ефектотвна двата система најќесто се спротивни. Ако симаптичката дразба ја забрзува работата, парасипатичката дразба ја забавува работата и обратно.


  Симпатичниот дел има центри во ЦНС и во рбетниот мозок, одржува хомеостаза на внатрешната средина и стимулира секреција на некои жлезди, тој ја шири зеницата, потикнува срцева работа.
Парасимпатичниот дел има обратно дејство пр. тој ја стега зеницата, лачи плунка, забавува срцева работа ја забрзува дигестијата на храната итн.






Погледнете го едукативното видео за периферен нервен систем или ПНС: