Thursday, October 15, 2020

Исхрана и пренос на енергија VII одд.


Исхрана и пренос на енергија


     Енергијата за различни функции на човечкото тело доаѓа од хранливите материи кои ги примаме секојдневно. Всушност, главната цел на внесувањето храна е снабдување со енергија. Оваа енергија доаѓа од:
- мастите,
- јаглеходратите и 
-  протеините во храната. 
Од трите матрии, мастите се најконцентрираниот извор на енергија бидејќи обезбедуваат  двојно повеќе енергија за дадена тежина од протеини или јагленохидратите.
Количината на  енергија во храната вообичаено се изразуваат во калории. Ова е всушност килокалорија (kcal) што се дефинира како количина на топлинска енергија потребна за да се подигне температурата од еден килограм вода за еден степен целзиусов.
Калориите се добиваат со целосно разложување на  различните типови  храна, и  вклучуваат:




Јаглехидратите даваат 4 kcal / g.
Протеини: 4 kcal / g
Маснотии: 9 kcal / g 

Додека растенијата користат енергија од сонцето во процесот на фотосинтеза, животните и луѓето ги користат растенијата за храна. Тие ги разградуваат поголемите и сложени молекули произведени од растенијата за да ги искористат како извори на енергија. Ова го одржува протокот на енергија во биосферата.

Потребата за енергија за една личност е поделено на два дела:

- Базални или основни  метаболички барања
- Енергија потребна за активност.
   Основната метаболичка стапка (BMR) е топлина што се ослободува од телото при мирување кога температурата е нормална. Просечна личност бара 2000-2400 калории на ден, додека возрасен  човек што работи тешка работа може да бара до 6000 калории на ден. Постојат многу фактори кои диктираат колку енергија му е потребна на човекот, но во едноставни термини колку повеќе се движи телото, толку е поголема количината на енергија ќе биде потребна.

  Калоријата е единица за енергија, или осмислена единица за топлина. Во многу научни области калоријата уште поодамна е  замента со килоџулот, па така денес главно се користи за изразување на енергетската вредност на храната.


Значи килоџули е мерка на енергија 

Ако сакаме кЈ да ги изразиме во калорија треба да знаеме дека:
 4,2kJ = 1 калорија. 
Ние го користиме за да утврдиме колку енергија ќе обезбеди храна кога ја јадеме.

Само за ваша информација:
Јагленохидратите(шеќерите) имаат = 16 kJ на грам јагленохидрат или шеќер
Протеини = 17 kJ на грам протеин
Масти = 37 kJ на грам масти

Деца на возраст помеѓу 4-18 години бараат 6500  до 14000 kJ на ден. Приближниот број на килоџули што детето ги троши дневно ќе зависи од нивната возраст и нивото на физичка активност.

  Растенијата  сами си ја создаваат  храната. Наречени се   автотрофни организми и  можат да направат своја храна од неоргански материи, како што се јаглерод диоксид и вода, преку фотосинтеза во присуство на сончева светлина. Со процесот фотосинтеза тие создаваат јагленохидрати односно шеќер гликоза кој можат да го складираат во нивните делови како сложен шеќер наречен скроб. Тие скробот го складираат или во коренот или подземните стебла  како на пример компирот. Компирот е богат со скроб, кој ние го користиме во исхраната.

Како ќе докажеме дека  растенијата складираат скроб. Користиме јод раствор така да оние делови од растението кои имаат јод кога ќе капнеме една капка делот од растението ќе се обои црно. 

Погледнете го видеото за докажување на скроб.