Monday, October 5, 2020

Градба на лист IX одд.

 

 

МОРФОЛОГИЈА И АНАТОМИЈА НА РАСТЕНИЈА


      Растителното тело структурно и функционално е диференцирано на органи - надворешно, а на различни категории на  клетки , ткива и системи од ткива - внатрешно. Вишите растенија имаат сложено изградено тело, приспособено за живот во две различни средини - почва и воздух. Растителното тело евулотивно се разделило на:

1- Вегетативни  органи (корен , стебло и лист) и 

2 -  Генеративни (репродуктивни) органи (цвет, плод и семе)

Вегетативните органи се во функција на исхраната на растението и одржување на животот и овозможуваат опстанок на растението, генеративните органи се во функција на репродукција или размножување.

Градба и функција на вегетативните органи

 Вегетативните органи се изградени од два система: - коренов систем чиј основен елемент е коренот кој е подземен орган и чија основна функцијае апсорпција или примање на вода и  минерални материи како и процврстување на растението за почвата. Во надземниот дел се стеблото и листовите чија основна функција е фотосинтеза и размена на гасови.

1. Анатомија и морфологија на лист 

   Листот е орган за фотосинтеза и транспирација, филогенетски е поврзан со стеблото, но е помлад дел и се развива од лисни зачетоци. Формата на листот и неговата големина обезбедуваат максимална фотосинтетска површина и оптимален интезнитет на транспирација, големината на листовите е различна, имаат краток век на живеење, еден вегетациски период или неколку месеци, подолго егзистираат листовите на зимзелените растенија(1 до 1,5 год.)

1.1 Делови на листот

      Листот е составен од лиска, дршка и лисна основа. Лиската или лисна плоча е најважен дел на листот и има најголема површина кај кој се разликува лице и опачина. Лисната дршка ја прикрепува лиската за стеблотово одредена положба во однос на светлината, може да биде со различна должина и форма, постојат листови и без лисна дршка и се наречени седечки листови. Лисната основа е место на кое што листот се прикрепува за стеблото.
























Нерватура на листот

   Нерватурата на листот е систем на спроводни снопчиња во лиската, нерватурата може да биде паралелна на пр. кај монокотилните ратенија и мрежеста кај дикотилните растенија каде се разликува главен или среден нерв кој е зналително поразвиен од другите кои се помали и формираат мрежеста структура.
 


Анатомска градба на лист

   Листот е изграден од покровно ткиво- епидермис, основно ткиво или мезофил и спроводно ткиво. Епидермисот ја поктива целата површина на листот, најчесто  е граден од еден ред на клетки, се диференцира како горен и долен епидермис, горниот е од покрупни клетки кои се без стоми, а долниот е од помали клетки  и има стоми, стомите кај  некои растенија се на горниот епидермис, пр. кај водените пливачки ратсенија, а кај тревите имаме стоми и на горниот и на долниот епидермис. Мезофилот е најважниот дел кај листот бидејки во неговите клетки се одвива фотосинтеза, клетките се наречени асимилациони или палисадни клетки и се распоредени веднаш под епидермисот и го градат палисадното ткиво, оваа ткиво има издолжени цилиндрични клетки, густо збиени со мали мегуклеточни простори, клетките се богати со хлоропласти поради што во оваа ткиво се одвива фотосинтезата. Под палисадното ткиво се наоѓа сунгерасто ткиво кое е изградено од тркалезни клетки, оваа ткиво има големи мегуклеточни простори преку кои се врши рамена на гасовите и содржи помалку хлоропласти.

Во листот е присутно и спроводното ткиво кое ја образува нерватурата  на листот. Во листот е присутно и механичко ткиво кој дава потпора на листот. 

Под сунгерастото ткиво следува долен епидермис, кој има светло зелена боја зарди малиот број на хлоропласти во овој дел од листот.