Saturday, October 10, 2020

Хлоропласти , градба и функција IX одд.


 Градба и стуктура на хлоропалсти

1. Морфологија на клетка

   Растителните клетки се разликуваат според формата и според големината, спорд формата сите растителни клетки припаѓаат на два основни типа клетки
1. паренхимски (клетки кај кои дијаметарот во сите правци е еднаков)
2. прозенхимски( се клетки чија должина неколку пати ја надминувa големината)

1.1. Структрурна организација 

Растителната клетка е составена од
- протпласт
- клеточен ѕид

Протопластот се состои од:
- цитоплазма, која ја дава главната маса на пртопластот во која се сместени структурните органели, а ако ги изолираме органелите од цитопалзмата добиваме структура наречена - хијалолазма
- јадро најголема структура во цитопалзмата издвоен со јадрена мембрана во кој се сместени хромозомите, јадренце и рибозоми 
*рибозомите ги има и во цитолазмата

Клеточен ѕид - Клеточниот ѕид  го има кај сите растителни клетки. Тој е цврст структура. надворешен слој на клетката, негова функција е да ја одржува формата на клетката, на неговата површина постојат пори или отвори кои имаат задача да ги пропуштаат потребните органски и неоргански материи, овие пори се наречени плазмодезми. Во однос на хемискиот состав тој е цитоскелет на клетката и изграден е од  молекили  на сложен шекер - целулоза, кој се наоѓа во форма на хемицелулоза, има скроб опд типот пектин и белковини.




Веднаш под клеточниот ѕид се наоѓа клеточната мембрана или плазмолема  која е семипшермеабилна како кај сите еукариотски клетки односно врши селекција на материи кои можат да влезат во самата клетка, и дозволува излез на непотребните штетни материи кои се создаваат со метаболизмот на клетката. Претсатвува двојна структура чии основни молекули на градба се фосфолипиди или сложени масни материи, во нејзиниотр состав имам и гликолипиди кои се  мембрански липиди со јаглехидрати .
Најголемата органела кај еукариотските клетки преставува јадрото.Во него се наоѓа ДНК, во која се сместени сите информации за градбата и функцијата на клетката. Јадрото учествува во регулација на сите процеси во една клетка.

Освен јадрото други клеточни органели се:
- вакуоли(одделени простори во цитоплазмата исполнети со вакуоларен сок)
Повеќето растителни клетки имаат вакуола. Вакуолите се простори во цитоплазмата ограничени со мембрана наречена тонопласт и исполнети со растворени органски и неоргански соединенија во вода, како што се протеини, јаглехидрати, витамини, аминокиселини, соли итн.
- митохондрии
Митохондриите се клеточни органели кои се присутни скоро во сите еукариотски клетки. Се смета дека токму митохондриите го имаат централното место т.е улога во метаболитичките реакции кај клетките
- голџи систем
Голџиев апарат е органела  која е именувана по италијанскиот научник  Камилио Голџи.  Голџиевиот систем е изграден од голем број нееднакво дебели и делумно свиткани мембрански  структури, сродни на ендоплазматичниот ретикулум  наречени диктиозоми, кои најчесто се наоѓаат околу јадрото. 
- ендоплазматичен ретилулум
Ендоплазматичниот ретикулум е органела која е присутна во сите еукариотски клетки. Изградена е од комплет на мембрани кои ги ограничуваат внатрешните простори (цистерни) и се распространуваат низ целата клетка во еден вид на мрежа. Основната улога на ЕР претсавува синтеза на различни материи како и нивен транспорт низ клетката.
-рибозоми
Цитоплазмата на клетките е полна со мали честички, кои на прв поглед изгледаат безлично, а се наречени рибозоми. Иако на прв поглед изгледаат небитно, рибозомите имаат голема улога а тоа е синтезата на протеините. Рибозомите во цитоплазмата вршат синтеза на протеини кои после тоа остануваат во клетката
- пластиди ( хромопласти, леукопласти и хлоропласти)
Хромопластите се фотосинтетски неактивни, содржат каретеноиди и ја даваат бојата на венечните ливчиња, плодовите и бојата на листовите во есен.Леуколастите се безбојни пластиди, од нив има повеке типови некои формират скроб, некои масти а некои протеини. Хлропластите се фотосинтески активни содржат пигмет хлорофил. 

1.2 Хлоропласти - органели за енергетска преобразба

   Хлоропластите се клеточни органели каректериристилни само за раститенијата и некои алги. кај животинските клетки хлоропласти нема. Овие органели имаат специфична функција со што овозможуваат автотрофна продукција на органски материи кај организмите кои ги поседуваат.

Палисадни клетки со флоропласти
Хлоропластите го содржат  зелениот пигмент хлорофил  и протеини и се места каде што се одвива процесот на фотосинтеза.  Тие поседуваат надворешна и внатрешна мембрана, како и  трет систем  на  мембрани наречени тилакоиди. Група од тилакоиди формира грана. Протеините и пигментите се наоѓаат во тилакоидните мембрани. 
Течната компонента околу тилакоидите, која е наречена строма, е слична на матриксот на митохондриите. Соседните грани се поврзани со индивидуални мембрани наречени ламели.



1.3 Хлорофил 

    Хлорофил, е најважен пигмент вклучен во фотосинтезата, процес со кој светлината се претвора во хемиска енергија преку синтеза на органски соединенија. Хлорофилот се наоѓа буквално во сите фотосинтетски организми, вклучувајќи зелени растенија, цијанобактерии и алги. Ја апсорбира енергијата од светлината; оваа енергија потоа се користи за претворање на јаглерод диоксид во јаглехидрати.
Хлорофилот се јавува во неколку различни форми: хлорофилите a и b се главните видови кои се наоѓаат во повисоките растенија и зелените алги; хлорофилите c и d се наоѓаат, честопати со a, во различни алги; хлорофилот e редок вид кој се наоѓа во некои златни алги; а кај одредени бактерии се јавува бактерио-хлорофил. Кај зелените растенија хлорофилот се јавува во мембранозни структури слични на дискови (тилакоиди) во органели наречени хлоропласти. Молекулата на хлорофилот се состои од централен атом на магнезиум(Mg) опкружен со структура што содржи азот, наречена прстен од порфирин.

 Кај посложените растенија, хлорофилот може да е врзан за протеините и липидите  во хлоропластите. Комбинацијата на хлорофил со протеин наречен  хлоропластин е од особено значење, бидејќи само како резултат на комбинацијата, хлорофилот може да остане отпорен на светлина.









Едукативно видео за градба на хлоропласт.



Екперимент за екстракција или издвојување на хлорофил од лист.