Услови за фотосинтеза
Фотосинтезата како и многу други процеси зависна е од условите, односно од надворешни и внатрешни фактори. Врз интезитетот на фотосинтезата одредено дејство имаат надворешните еколошки фактори:
- светлина,
- количество СО2 во атмосферата,
- температурата,
- водата во почвата
- состав и полодност на почва, и др.
Како и внатрешните фактори:
- староста на листовите
- содржина на хлорофил
- градба на лист и
- стомите
1.1 Светлина
Светлината игра значајна улога врз интензитетот на фотосинтезата и нејзината улога може да се рагледа во повеќе аспекти. Едниот аспект би било влијанието на светлината за развојот и особините на листот и неговиот фотосинтетски апарат, а вториот аспект би бил влијние на интезитетот и квалитетот на светлината.
Без доволно светлина, едно растение не може многу брзо да врши фотосинтеза дури и ако има многу вода и јаглерод диоксид и соодветна температура.
Зголемувањето на интензитетот на светлината ја зголемува стапката на фотосинтеза, сè додека некој друг фактор - ограничувачки фактор - стане недостиг.
При многу висок интензитет на светлина, фотосинтезата се забавува, а потоа се инхибира(се намалува), но овие интензитети на светлина не се појавуваат во природата.
1.2 Концентрација на јаглерод диоксид
Јаглерод диоксидот - со вода - е еден од реактантите во фотосинтезата.
Доколку се зголеми концентрацијата на јаглерод диоксид, стапката на фотосинтеза ќе се зголеми.
Повторно, во одреден момент, различен фактор може да стане ограничувачки. Надвор од оваа концентрација, понатамошното зголемување на концентрацијата на јаглерод диоксид нема да резултира со побрза стапка на фотосинтеза и би се појавило на графиконот како хоризонтална линија.
1.3 Температура
Температурата како фактор, е релативно константна за фотосинтезата, затоа што таа се одвива во приближно исти темперетурни граници за животна активност на протоплазмата. Оптимална граница за одвовање на фотоситезата е 30 до 40 степени, додека секое варирање на и под оваа температура влијае за намалување на фотоситезата. Фиксирањето на СО2 е поврзана со температурата, и при повисоки температури доаѓа до засилување на фиксирањето на јаглеродниот диоксид. Како се одвива тоа:
Хемиските реакции кои комбинираат јаглерод диоксид и вода за производство на гликоза се контролираат од ензими. Како и со секоја друга реакција контролирана од ензими, на брзината на фотосинтезата влијае температурата.
На високи температури, ензимите се денатурираат.
1.3 Содржина на вода
Содржината на водата во почвата и растението, зависи од степенот на отвореноста на стомите. Тка што ако стомите се затворени, со што се спречува влегување на јаглероден диоксид, се намалува фотосинтезата.
1.4 Хлорофил
Хлорофилот ја апсорбира светлината потребна за претворање на јаглерод диоксид и вода во гликоза.
Хлорофилот е зелен - така ги апсорбира црвените и сините делови на електромагнетниот спектар и го рефлектира зелениот дел од спектарот.
Хлорофилот е зелен - така ги апсорбира црвените и сините делови на електромагнетниот спектар и го рефлектира зелениот дел од спектарот.
Листовите со повеќе хлорофил подобро можат да ја апсорбираат светлината потребна за фотосинтеза. Растенијата одгледувани на засенчени места ја зголемуваат содржината на хлорофил во нивните листови за да можат да ја апсорбираат потребната светлина потребна за фотосинтеза.
Едукативно видео за фактори од кои зависи фотоситезата: