Дишење и пренос на енергија
На сите клетки им е потребна енергија за да преживеат. Тие ја добиваат оваа енергија правејки низа хемиски реакции кои се општо познати како дишење.Сите организми дишат со цел да ослободат енергија за да ги извршат нивните основни животни процеси. Дишењето мора да се случува цело време, така што организмот може да преживее.
Дишењето ja ослободува енергија од храната, така што животните процеси можат да продолжат. Значи при процесот на дишење не подразбирам само размена на гасови или внесување на кислород и изнесување на јаглероден диоксид, оној кислород што се внесува при вдишување, се пренесува до секоја клетка на еден организмам се користи за согорување на храната со што се ослободува енергијата која е врзана за храната. При таквото согорување се ослободуваат материи кои треба да се исфрлат од организмот, а тоа е јаглероден диоксид кој се исдишува, се ослободува вода во форма на водена пареа и најважното е ослободување на енергија.
Енергијата е потребна за животни процеси како што се:
- растење и развиток
- движење
- контрола на телесната температура кај цицачите
Значи дишењето е хемиска реакција што се случува во сите живи клетки, вклучително и растителни и животински клетки. Тоа е начинот на ослободување на енергијата од храната за да можат да се случат сите други хемиски процеси потребни за живот.
Не го мешајте дишењето со вдишување и издишување (што правилно се нарекува вентилација).
Респираторниот систем или системот за дишење е прилагоден за размена на гасови.
Кај копнените организми, пр. човекот и животните кои живеат на копно респираторниот систем е граден од бели дробови.
Кислородот кој го вдишуваме преку носот, влегува во белите дробови , од каде крвта го пренесува до секоја клетка во нашето тело.
На ист начин кислородот се пренесува и кај копнените животни.
Организмите кои живеат во вода респираторниот систем им е граден од жабри. Овие организми се прилагодени за размена на гасови во водена средина.
Кај растенијата размената на гасови се врши преки сите органи, тие намаат специјализиран систем за размена на гасови, овој процес го прават листовите, коренот итн.
Без разлика како влегуваат гасовите кај еден организам процесот на согорување на храната или ослободување на енергијата од храната се врши на ист начин кај сите живи организми во нивните клетки.
Едукативно видео за респирација кај човек.
Едукативно видео за респирација кај растенија.