Monday, October 7, 2019

Централен нервен систем VIII одд


             Централен нервен систем                 VIII одд


Primary education



  Централниот или цереброспиналниот систем го добил своето името тоа што основата на неговите централни делови ја сочинуваат маса од нервно ткиво од големиот до 'рбетниот мозок. Од сите нив филогенетски најстар е спиналниот или 'рбетниот мозок а најмлад е големиот мозок.



Сите негови делови се сосотојат од две маси или супстанци: сива која е градена од ганглиски клетки и бела која е градена од нервни влакна обвиткани со миелинска обвивка.Големиот и малиот мозок се градени така да сивата маса е распоредена од надвор а белата маса е распоредена внатре,  додека кај продожниот мозок и 'рбетниот мозок од надворешната страна е белата маса а внатрежно е сивата маса.


Черепен мозок и неговите заштитни структури  
Голем мозок - Crebrum

      Черепниот мозок ја исполнува кранијалната празнина и е обвиткан со обвивки, течност и коските на черепот. Иако различните делови се поврзнани и можат да функционираат како целина, тој може да се подели во различни зони за полесно да се проучува.
1. Голем мозок
  (Cerebrum, Thelencephalon)    Најголем дел на черепниот мозок. тој е поделен на десна и лева хемисфера со длабока бразда наречена надолжна пукнатина. Во секоја од нив се наоѓаат моторните и сетилните центри за управување и примање на осетите од спротивната страна на телото, т.е во левата хемисфера се наоѓаат центрите за десната страна на телото, а во десната се наоѓаат центрите за левата страна на телото. Кората на големиот мозок е градена од низа   бразди или поплитки и подалбоки вдлабнатини кои ја зголемуваат површината ма големиот мозок која изнесува 2200 sm2 од што е видлива 1/3 , додека 2/3 се во наборите.
Големиот мозок гледан одстрана е поделен на неколку резни , тоа се : -челен резен ; -темен резен, - тилен резен ,  и -слепоочен резен.
Кората на големиот мозок учествува во регулирање на трите основни процеси што се многу важни за човекот: сетилни, моторички и интелектуални. Во мозокот со феноменот наречен меморија  се собираат  голем број на информации, многу повеќе отколку што тој може да ги врати и има потрба да ги знае, во цереброспиналниот кортекс има место и за процесите, асоцирање, расудување и раздвојување, како и свесни и доброволни акции.


Меѓумозок -Diencephalon

    Претставува зона помеѓу мозочните хемисфери и мозочното стебло. Во него се наоѓаат таламусот и хипоталамусот. Функцијата на таламусот е да ги распредели импулсите однадвор и да ги испрати директно во кората на големиот мозк. Хипоталамусот е сместен во средната линија под таламусот, во него има клетки кои ја контролираат телесната температура, воден биланс, спиењето, апетитот и некои емоции ако што се страв и милост, тука е клетките кои ги регулираат инстинктите. Под контрола на хипоталамусот стои и ендокриниот систем преку хормоните од хипофизата. Хипоталамусот има контрола на работа на срцето и стегање и олабавување на крвните садови.


Мозочно стебло  

   Претставува врска помеѓу големиот мозок и 'рбетниот мозок. Во горниот дел на мозочното стебло е средниот мозок (Mesencephalon) до кој доаѓаат импулсите од внатрешното уво и учествува во регулација на положбата на телото. Под него се гледа од долната страна на мозокот како рамен дел  понсот(мост) тој  е составен од големи миенилизирани влакна кои служт  како врска на двете половини на малиот мозок со мозочното стебло и со големиот мозок. Врската е и со  продолжниот мозок(medula oblongata) каде се сместени центрите кои регулираат виталните функции во организмот, пр. респираторен центар, срцев центар, вазомоторен центар.
 Понсот е врската на средниот мозок и со продолжениот мозок, а продолжниот мозок го поврзува 'рбетниот мозок со черепниот мозок.


Мал мозок ( Cerebellum)

Сместен  под задниот дел на мозочните хемисфери и е сврзан со мозочното стебло, големиот мозок и рбетниот мозок главно преку понсот. Поделен е на три дела: среден дел црв(vermis), и две латерални хемисфери. Слично на церебралните хемисфери и кај малиот мозок надворешната зона е сива маса и многу повеќе избраздена од кората на големиот мозок, а внатрешната во најголем дел е бела маса. Функциите на малиот мозок се: координација на свесните мускулни движења, одржувањена рамнотежата, одржување на мускулниот тонус.



'Рбетен мозок(medulla spinalis)

Се наоѓа во 'рбетниот канал кој е образуван од пршлените на 'рбетниот столб. Формата е врвчеста со должина од 45sm. Ако се направи напречен пресек се гледа неговата градба и тоа дека во средината е сивата маса околу која е сместена белата маса. Сивата маса создава предни и задни рогови што даваат изглед на пеперутка со раширени крилја, во срдината е мал централен канал со мозочна течност. 'Рбетниот мозок ја воспоставува врската помеѓу периферијата и внатрешноста на организмот која  е клучна врска меѓу 'рбетните нерви и черепниот мозок. Неговите главни функции се: пренос на сензорни импулси, пренос на моторни импулси и рефлексни активности. Во 'рбетниот мозок се наоѓаат и центрите за рефлексни реакции за кои импулсите доаѓаат од кожните рецептори. Рефлексот чиј сигнал оди само до 'рбетниот мозок во кој не вклучен черепниот мозок се нарекува спинален рефлекс.

Од 'рбетниот мозок излегуваат 31 пар на спинални нерви и сите се од мешовит карактер.

Овие нерви се протегаат од и до скелетните мускули и жлезди.


Едукативно видео за нервен систем:


Анатомија на голем мозок видео- на следното видео е прикажано лабораторијски вежби за градба на черепен мозок.