ЕКСКРЕТОРЕН СИСТЕМ -
- УРИНАРЕН СИСТЕМExcretory system
Primary education

Тој е со големо значење за организмот бидејќи учествува во одржување на повеќе хомеостази (состојба на одржување на постојана внатрешна рамнотежа на организмот при најразлични надворешни промени). Една од неговите главни функции е отстранување на штетните материи од крвта и нивно исфрање од организмот.
Со размената на материите (метаболизмот) во органзимот настануваат продукти кои за него се непотребни и токсични при тоа мора да се одстранат од телото.
Анатомија и физиологија на системот
Екскреторниот систем се сотои од органи сите сместени во стомачната празнина.Основно органи на системот се:
- два бубрега
- два мочовода
- мочен меур
- еден мочен канал
1. Бубрези- Renes

Бубрегот е поделен на три дела, бубрежна кора- надворешен дел на бубрегот, бубрежна срцевина- богата со цевчиња кои ја собираат мочата, кои сосздаваат конусовидни структури наречени пирамиди чии врвови завршуваат во третиот дел или бубрежно легенче чиј долен дел завршува во мочоводот.

На сликта има прикажан процес на гломеруларна филтрација и создавње на примарна моч која се упатува кон нефронските каналчиња каде ке се изврши процес на формирање на конечна моч со реапсорпција на потребните материи.
На ниво на нефронските каналчиња се враќаат назад потребните материи,се создава секундарната моч чија содржина е вода, уреа и токсични материи исфилтрирани од крвта.
Во капсулата на гломерулот секој ден се филтрираат 160 до 180 литри течност наречена примарна моч, само 1 до 1,5 литри течност во облик на секундарна моч се исфрла од организмот како конечна моч во период од 24 часа. Мочта е жолтеникава течност со 95% вода и 5% растворени материи, како соли, мочна киселина, делови од распаднати еритроцити и растворени гасови. Во конелната моч не смее да се најдат материи како : протеини, шеќери, еритроцити, леукоцити, доколку има присуство на овие материи, постои проблем со филтрацијата на крвта и правилната работа на бубрезите.
2. Мочоводи
Двата мочовода кои излегуваат од бубрезите се тенки мускулни цевки што се протегаат од основата на бубрезите до мочниот меур. Мускулите на мочоводите предизвикуваат брановидно движење што помага да се движи мочта.
3. Мочен меур
Собирен дел на мочта, сместен во карличната празнина. Кога меурот е празен, мускулниот ѕид почнува да се собира станува дебел и добива облик на внатрешен орган кој е многу цврст и без простор. Кога се полни мочниот меур мускулниот ѕид се растегнува и тој станува орган сои должина од 5 ѕм до 12ѕм. Кога се полни меурот рецепторите што се во неговата мускулатура примаат и праќаат дразб дп центарот во долниот дел на рбетниот мозок. Од овој центар, моторните дразби се враќаат назад до мускулатората на меурот и тој се празни со отварање на еден т.н мускул стегач.
4. Наворешен мочен канал
Се протега од мочниот меур до надворешнаа средина и служи за празнење на мочниот меур. Должината на надворешниот мочен канал е од 4 -20 см.
Едукативно видео за екскреторен систем