Tuesday, October 22, 2019

Полен, опрашување и оплодување IX одд.



Полен, опрашување и оплодување
Pollen, pollination and fertilizatio    IX


Primary education 


     Полен е назив за ситниот и најчесто фин прав, составен од машки гаметофити (поленови зрна) кај голосемените и скриеносемените растенија. Поленовите зрна настануваат во микроспорангиумите (кои кај скриеносемениците се наоѓаат во прашниците). Процесот на создавање на поленот започнува во поленовите кесиња, многу порано пред отварање на цветната пупка.Поленовите зрнца се толку ситни што едвај се гледаат со голо око, но добро можат да се видат под микроскоп. Всушност, ако ги набљудуваме под микроскоп, ќе забележиме дека поленовите зрнца на секој одделен вид растение имаат уникатна големина и форма. Важно е дека, поради специфичните обележја на секој вид полен, цветовите го препознаваат само поленот од својот сопствен вид. Создавањето на поленот е сложен процес кои се сотои од т.н. две фази едната е наречена микроспорогенеза со која се формираат микроспори, и микрогаметогенеза со која се создаваат машки гамети,  со чие формирање поленовото зрно е зрело и спремно за да изврши оплодување.


Опрашување 


   Под поимот опрашување се подразбира пренесување на поленовите зрна од прашниците до устенцето на толчникот. 
Опрашувањето може да се изврши на повеќе начини, но во основа се разликуваат 2 начина:
  • самоопрашување
  • вкрстено опрашување



Самоопрашување
настанува така што поленот се пренесуваод прашниците на точникот на истиот цвет. Тоа може да се изврши само кај двополови цветови кај кои прашниците и толчникот созреват во исто време и ако се приспособиле за тоа со својата градба. Самоопрашувањето биолошки не е корисно за растенијата бидејќи ја исклучува можноста за вкрстување на единките кои живеат во различни услови.

Вкрстено опрашување се сретнува почесто кај растенијата. Тоа се состои во пренесување на поленот помеѓу два цвета на една индивидуа или на две индивидуи. 
Според тоа на кој начин се пренесуваат поленовите зрна, разликуваме три вида на опрашување:
  • со ветер - се опрашуваат оние растенија со ситни и неугледни цветови,  без венечни ливчиња и создаваат огромен број на поленови зрна
  • со животни - се опрашуваат најголем број на растенија тоа се врши со помош на инсекти и птици колибри, ноќни пеперутки и лилјаци
  • со вода - се опрашуваат водените растенија.

 Оплодување  


Образување на машки полови клетки - машки гаметофит /микрогаметофит

Јадрото на поленовото зрно се дели на две јадра и на тој начин во поленовото зрно се создаваат две клетки.
Едната клетка е поголема и е наречена вегетативна,а другата е помала и се вика генеративна клетка.
Генеративната клетка понатаму се дели уште на две клетки-спермални клетки,кои се способни да извршат оплодување. 

Образување на женска полова клетка-женски гаметофитм макрогаметофит

Клетката мајка на ембрионалната торбичка во плодникот ,се дели на 4 клетки кои се во една низа.Трите клетки закржлавуват и исчезнуваат,а четвртата се развива во ембрионална торбичка.
Младата ембрионална торбичка има едно јадро кое се дели најпрво на две,а потоа секое од нив на уште четири,кои се наоѓаат на горната и долната страна.
Од секоја група јадра се издвојува по едно јадро кои постепено се приближуваат кон средината на ембрионалната ќеса каде се спојуваат во т.н секундарно јадро на ембрионалната ќеса или централно јадро.
На двете страни од ембрионалната ќеса сега се наоѓаат по 3 јадра околу кои се собира протоплазма и се образуваат 3 клетки.
Трите  клетки се нарекуваат антиподи,а другите три клетки го градат јајниот апарат.
Во јајниот апарат средната клетка е поголема и се развива во јајна клетка,а другите две се нарекуваат клетки помошнички или синергиди.


















По опрашувањето следи оплодување. Поленовото зрно ке падне на устенцето се навлажнува и почнува да 'рти. Се создава едно цевче кое се пробива внатре низ столбчето на толчникот. Оваа поленова цевка се пробива со врвот до семеновиот зачеток кој се наоѓа во плодникот. Како расте поленовата цевка така низ неа се движат машкте полови клетки кои се три една вегетативна и две спермални клетки. Кога поленовата цевка  ќе допре на ембрионалното ќесе се отвара на врвот и од неа излегуваат двете спермални клетки а вегетативната дегенерира или изумира. Тогаш со едната спермална клерка се оплодува јајната клетка, и подоцна ќе се добие зачеток(емброн), а другата се пробива во долниот дел и од неа ќе се добие хранливо ткиво за идната семка наречено - ендосперм.Бидејќи во оплодувањето учествуваат две спермални клетки процесот се вика двојно оплодување или double fertilization.




Едукативно видео за оплодување 



Едукативно видео за полово размножување кај растенијата  кликнете тука.