Осетливост на растенијата на дразби
Sensitivity of plants
VII
Primary education

Тропизми
Кај некои растенија правецот на движење е определен со правецот на дразбата, таквите движења се наречени тропизми.
Ако движењето се изведува кон изворот на дразбата, тогаш се зборува за позитивен тропизам, а ако движењата се изведуваат во спротивен правец од изворот на дразбата тоа е негативен тропизам.
TROPISM
Plant growth or turning in response to an environmental stimulus
Постојат повеќе типови на тропизми во зависност од типот на дразбата или стимулот.
- Фототропизам-осетливост на светлина
- Геотропизам- осетливост на гравитација или земјина тежа
- Тигмотропизам - осетливост на допир
- Хидротропизам - осетливост на влага
- Хемотропизам - осетливост на квалитетот на почва
- Термотропизам - осетливост на топлина
1. Фототропизам
Фототропските движења или виткања на листовите и стеблата имаат големо значење за растенијата, додека кај корењата тие се ретки и незначителни. Фототропизмот на лситовите е честа појава и од него зависи процесот на фотосинтеза. Благодарение на овие движења листовите завземаат таква положба која им овозможуванајдобро да ги примаат сончевите зраци.

2. Геотропизам
Кога се зборува за геотропизам се мисли на движење на коренот и стеблото во однос на силата на Земјината тежа.Корените имаат позитивен геотропизам, за разлика од стеблата кои имаат негативен геотропизам. Затоа при 'ртењето на семката како и да ја поставиме во почавата, коренчето се свиткува кон правецот на Земјината тежа, а стебленцето во спротивен правец, понатаму во растот на коренот и стеблото имаат геотропен правец на растење. И геотропизмот слично како и фототропизмот е резултат на нееднаков распоред на хормонот ауксин и нееднакво растење на горните и долните страни на коренот и стеблото.
3. Хидротропизам

3. Тигмотропизам
Тигмотропизмот е способност на за искривување и обвиткување кој се јавува као резултат на дразбата допир. Тигмотропизам настанува кога ратстенијата растат на ѕид, решетка, колец од различен материјал. И кај овие дразви одговорен е хормонот ауксин кој се зголемува кај клетките кои не ја допираат површината на дадениот предмет при што оваа недопрена страна побрзо расте што условува закривеност кон допирачкиот предмет.
Интересна е реакцијата на растението мимоза која ги собира листовите при допир .
Венерината муволовка (lat. Dionaea Muscipula) е најпознатото растение месојад во светот. Расте во САД, во државата Каролина, и тоа во мочуришни подрачја кои се постојано влажни и на директно сонце. Токму такви услови треба да обезбедите и во домот, директно сонце и постојано влажна почва.Без разлика што стапицата на муволовката ве фасцинира, држете ги прстите подалеку од неа. Не затоа што може да ве гризне, туку затоа што ќе ја изложите на непотребен стрес. Со секое затворање стапицата троши голема количина на енергија која очекува дека ќе ја обнови кога ќе го улови пленот.
Други движења кои постојат кај растенијата се настии. Овие движења на растениата не зависат од правецот на дразбата и секогаш се еден правец. правецот на настиите зависи од градбата на органите. Вакви движења се забележуваат кај цветовите на растенијата, кога на пример дење се отвараат а ноќе се затвараат.
Едукативно видео за дразби и движења кај растенијата.