Влијанието на минералите врз растенијата
На растенијата, како и на сите живи организми им се потребни хранливи материи и минерали за да напредуваат. Овие хемиски елементи се потребни за раст, метаболичко функционирање и завршување на неговиот животен циклус.
Растенијата внесуваат јаглерод (C) и кислород (О2) од воздухот во нивните листови. Сите други минерални материи се наоѓаат во почвата и се земаат преку корените.
Можат да се класифицираат како макроелементи кои им се потребни во поголеми количини и микроелементи или олиго елементи кои се потребни но и мала количина е довволна за нивен опстанок.
Макроелементите се трошат во големи количини: азот (N), фосфор (P), калиум (K), калциум (Ca), сулфур (S) и магнезиум (Mg).
Потребни се помали количини на микроелементи (или минерали во трагови): бор ( B), хлор (Cl), манган (Mn), железо (Fe), цинк (Zn), бакар (Cu), молибден (Mo), никел (Ni).
Повеќето услови на почва ќе обезбедат соодветна исхрана на многу растенија. Одгледувањето на одредени култури или растенија може да ја осиромаши почвата. Во земјоделството, земјоделските култури потребно е да ротираат од година во година имајќи ја предвид плодноста на почвата. ЗНачи неможеме да засадуваме иста култура на иста почва подлг период, бидејки барањата на одредена култура се исти, така да при сеење на иста култура на иста почва ќе доведе до искористување на истите минерали секоја сезона.Од таа причина потребно е ротирање на културите на една парцела, секое растение има различни потреби за одредена минерална материја.
Како влијаат минералите и хранливите материи како азот, фофори, калиум, железо и сл. На растот на растението?
- Азот е потребен за да се создадат аминокиселини
- Сулфур е потребен и за производство на аминокиселини
- Фосфорот е потребен за производство на АТП и нуклеински киселини
- Железото е потребно за да се создаде хлорофил (иако не е дел од молекулата на хлорофил)
- Калиумот е потребен за да се одржи точната рамнотежа на солта во клетките
- Магнезиумот е потребен како дел од молекулата на хлорофилот
Минерали
|
Употреба
|
Недостаток на
минерали
симптоми
|
Објаснување
|
Азот-N
Нитрат
јони (NO3)
|
Градење на
протеини и раст
|
Намален раст и
жолти лисја
|
Сите аминокиселини содржат азот.
Амино киселините се градбени делови на протеините.
|
Фосфор-P
Фосфатни
јони (PO4)
|
Дишење и
растење
|
Малку расте
коренот и растението останува без цветови
|
Не се гради ДНК молекулата и
клеточната мембрана
|
Калиум - k
Калиум
јони (K +)
|
Дишење и
фотосинтеза
|
Неквалитетни цветови и овошјето,или расте без цветови
|
Листовите мора да бидат присутни
за да се врши фотосинтезата,а за
дишењето потребни се и ензими.
|
Магнезиум- Mg
Магнезиум
јоните (Mg2 +)
|
Фотосинтеза
|
Жолти лисја
|
Хлорофилните молекули содржат магнезиумови јони.Магнезиумот ја
дава зелената боја на
хлорофилот
|
Железо Fe
|
Од суштинско
значење за производство на хлорофил
|
шарена
и интервеларна хлороза кај млади лисја
слаб
раст и тенки, кратки стебла
|
Помага на електроните во процесите
со кислород со други елементи
|
Недостаток на калциум во почва и промени кај едно растение.
Недостаток на калиум во почва и промени кај едно растение
Недостаток на железо