Monday, October 7, 2019

Нервен систем - градба , делови и значење VIII одд

Нервен систем - градба составни делови и значење
Nervous system - structure, function


Primary education 



Сите органи во организмот функционираат како целина.Забрзувањето на работата на еден орган предизвикува забрзување на работата на друг, и опбратно,  успорувањето на работата на некој орган доведува до успорување на друг, на тој начин се заклучува дека организмот функцуонира како  целина со усогласена работа.  Таа усогласеност е координирана од нервниот систем. Усогласувајќи ги функциие во организмот нервниот систем овозможува внатѕрешна стабилност и рамнотежа меѓу човечкиот организам и надворешната средина.




Поделба на нервниот систем

Според градбата и функциите, нервниот систем мое да се подели на следниоит начин:
1. Централен нервен систем ЦНС(CNS) во кој спаѓаат  черепен(cerebrum) и ’рбетен мозок(medulla spinalis)
2.Периферен нервен систем ПНС(PNS)  е составен од сите нерви надвор од ЦНС. Периферниот нервен систем е поделен на соматски нервен систем и автономниот нервен систем.
Овде се вклучени черепните нерви- 12 пара на кранијални нерви (nervi craniales) и 34 пара на рбетни нерви - спинални (nervi spinosi).Черепните се нерви кои носат импулси од и до мозокот, 'рбетните нерви се оние кои што носат пораки до и од 'рбетниот мозок.
Автономниот нервен систем (ANS) контролира неволни реакции за регулирање на физиолошките функции. Мозокот и 'рбетниот мозок на централниот нервен систем се поврзани со органи кои имаат мазни мускули, како што се срцето, мочниот меур и други срцеви, егзокрини и ендокрини органи, граден од  ганглионски неврони.Постои помалку позната поделба на автономниот нервен систем познат како ентеричен нервен систем. Лоциран само околу дигестивниот тракт.Автономниот нервен систем функционира автономно без учество на нашата волја. Импулсите се пренесуваат преку черепните и бетните нерви и е поделен на сипатичен(simpaticus) и парасимпатичен(parasimpaticus) нервен систем.





ANS



















Неврони и нивни функции

Основна градбена и функционална единиоца на нервниот систен е нервната клетка- неврон(neuron). Телото на невронот соджи цитоплазма, јадро богата  е со митохондрии и сите останати потребни органели.Надвор од цитоплазмата на телото на клетката постојат два вида на продолжетоци.
- Дендрити(dendrite) кои се разгранети и пократки и најчесто го пренесуваат импулсот до телото на клетката.
- Неврит(axon)  долг продолжеток кој пренесува импулс од телото на клетката на поголема оддалеченост, до некоја друга нервна клетка.



Нервните клетки може да бидат униполарни со еден продожеток - axon, биполарни  имаат еден централен и еден периферен продолжеток, псеудополарни чиј единствен продолжеток има форма на буквата Т и мултиполарни,  клетки кои имаат повеќе продолжетоци од кој еден е главен.


Секој нерв или поточно означено збир од нервни влакна е обвиткан со една сврзна обвивка наречена шванова обвивка, покрај неа, некои нерви имаат уште една обвивка, градена од миелин кој е вид на липид, која што е наречена миелинска обвивка. Таа секогаш се наоѓа околу Швановата обвивка и бидејќи миелинот има бела боја, таквите влакн  се бели, за разлика од оние кои имаат само шванова обвибка кои имаат сива боја. 
Во просек миелинизираните влакна се двојно повеќе. Кај клетките со шванова обвивка е прекината со т.н ранвиерови јазли кои се важни за брзината на пренесувањето на нервните импулси.
Невритите обвиткани со миелин ја градат белата маса на черепниот и 'рбетниот мозок, додека дендритите и телото на  клетките не се обвиткани со миелин и ја градат сивата маса.

Нервна дразба - Импулс 
Клеточнат мембрана во мирување има електричен полнеж. Бидејќи позитивните јони се концентрирани надвор од клеточната мембрана, таа однадвор има позитивен полнеж во споредба со полнежот внатре во невронот. Нервната дразба се јавува на местото на клеточната мембрана на која ќе дојде до промена на во електричниот полнеж.Ваквата ненадејна електрична промена  во мембраната е наречена акционен потенцијал.  Таа промена не електричниот полнеж предизвикува брзо навлегување на јоните на натриумот и калиумот низ клеточната мембрана. Тоа се случува многу брзо и трае кратко. Со нанесување на дразбата се создава нервниот импулс кој се шири по целата должина на мембраната.Оваа е реверзибилна појава или повратна така да следува брзо враќање на мембраната во првобитната положба за да може да биде повтoрно потикната.


Едукативно видео акционен потенцијал кај нервна клетка.





Синапси


Синапсите се точки на поврзување меѓу невроните преку кои се пренесува дразбата. Синапсата не е непосредно поврзување меѓу две нервни клетки, и во својата градба има пукнатина во која се исфрлаат хемиски материи кои ќе ја пренесат дразбата, таквите материи се наречени невротрансмитери.







Нерви

Нервот е сноп од влакна на нервните клетки сместени надвор од ЦНС, можеме да го споредиме со електричен кабел во кој има многу жици, исто како и мускулите и нервните влакна се споени со сврзно ткиво.  Доколку во нервот има само сензорни неврони, кои пренесуваат дразби од местото на  примање до 'рбетниот  и черепниот мозок, се нареечени сензорни нерви. Доколку имааат само моторни неврони, кои пренесуваат дразби од ЦНС  назад до мускулите или жлездите односно до ефекторите, се наречени моторни нерви.  Постојат и мешани нерви кои кои имаат сензорни и моторни неврони, а тоа се сите 'рбетни нерви.

Рефлексен лак

Нервниот систем функционира како еден динамичен систем, примајќи ги дразбите  и однатре и однадвор, ги анализира и реагира соодветно. Патот од дразбата до одговорот во нервниот систем е наречен рефлексен лак.  деловите на рефлексниот лак се 
1. Рецептор -го прима стимулот или дразбата
2.Сезорен неврон - клетка која ги пренесува импулсите до ЦНС
3.Централен неврон- клетка или клетки во ЦНС што го  претставува центарот на дразбата во која треба соодветно да се одговори.
4. Моторен неврон - кој ја носи дразбата  далеку од ЦНС.
5. Ефектор - мускул или жлезда што треба да одговори на донесената дразба.















Едукативно видео за нервен систем.