Sense organs system
Систем на сетилни органи
I. Анатомија и физиологија на око
Anatomy and physiology of the eye - Organon visus
1. Заштита на окото и негови делови
Окото е нежен орган заштитен со черепните коски што ги создаваат ѕидовите на очните празнини и служат како заштита на задниот дел на очното јаболко. Очниот капак и очните трепки го штитат окото од напред, солзните жлезди создаваат течност која служи за промивање и чистење на очното јаболко како и заштита од инфекции.
2.Главни делови и обвивки на очното јаболко
Главни делови на окото се очното јаболко-(bulbus okuli) и очниот нерв(nervus opticus) кој излегува од окото и преку базата на мозокот оди кон темениот (окципиталниот) регион. Булбусот или очното јаболко е составен од три обвивки:
1. надворешна (tunica externa, fibrosa) градна е од епители сврзно ткиво
2. средна(tunica media, vascularis) ја прават голем број на крвни садови
3. внатрешна (tunica interna, nervosa) составена од фоторецептори.
Надворешната обвивка ја прават следните делови:
1. Белка(sclera) е надворешна бела обвивка што го обвиткува речиси целото очно јаболко освен мал дел напред. За неа се врзани очни мускули 4 рамни и 2 коси мускула што го движат окото. Белката е градена од колаген, нејзината дебелина е најизразена на задниот дел од окото до самото излегување на нервот (nervus opticus) и изнесува 1-2 mm, а најтенка е на екваторот на очниот булбус или јабоко околу 0,4 mm.
2.Рожница(cornea) е преостанатиот преден дел на надворешната обвивка градена од епителни клетки и служи за пропуштање на снопот на светлосни зраци кон внатрешните делови на окото.
Средната обвивка ја прават следните делови:
1. Садовница(shoroidea) е задниот дел на средната обвивка на окото. соджи голем број на очни крвни садови, кои служат за набдување на окото со храна ,кислород и отстранување на отпадните продукти од окото.
2. Шареница(iris) е предниот дел на средната обвивка со изглед на тркалезна плоча. Во средината е шуплива и тој отвор се вика зеница или pupilla. Ирисот содржи, освен крни садови , повеќе или помалку пигмент кој е кафен по боја и е наречен меланин.Во зависнот од количината на пигментот зависи бојата на окото.Шареницата без пигмент е проѕирна, и затоа преку неа се гледа бојата на крвните садови, поради тоа доколку шареницата нема пигмент шареницата ке биде црвена како резултатат се разбира на бојата на крвта. Околу пупилата се наоѓаат, во шареницата два мали мускула стегач-сфинктер и отпуштач- дилататор, кои го смалуваат или зголемуваат отворот на зеницата и регулираат количество на светлина што влегува во окото.
3. Мрежница(retina) е задниот дел на внатрешната обвивка, кој е соствен од нервни завршетоци односно од самите рецептори кои се делат на две групи. Тоа се стапчиња осетливи на слаба светлина и чепчиња реагираат на силна светлина и тие се осетливи на боја.
Постојат три видана чепчиња што се осетливи на црвена, зелена и сина светлина.
Луѓето кои воопшто немаат чепчиња се слепи за боја(далтонизам). Функцијата на стапчињата и чепчињата главно се остварува преку пигментите што се осетливи на светлина. Создавањето на овие пигменти зависи од витаминот А. Така кај лиза кои недостасува витаминот А во исхраната , очите тешко се адаптираат за гледање во темно па имаме мана на окото наречена -Ноќно слепило.
Големината на рецепторите во централниот дел на окото е поинаква од онаа на периферијата. Во централниот дел на окото големината на чепчињата 2-3 μ,а на стапчињата е 2μ на приферијата големината на чепчињата е 5-8μ a на стапчињата е 4-5 μ. Овие рецептори не се наредени едно по друго туку стојат еден зад друг, така при силна светлина во предниот ред се чепчињата , а кога гледаме на потемно во предниот ред се стапчињата, тие при преминување од светло на темно и обратно си ги рааменуваат местата, додека таа размена не се изврши, поминува извесни време на адаптација. Затоа при брзо и ненандејно излегување на од темно на светло силата на светлината предизвикува заслепување, додека стапчињата не се повлечат и не си ги разменат местата со чепчињата.
На задниот дел на ретината постои место кое на светлосни зраци е најчуствително па според тоа претсавува и обвивка на најостар вид наечена е жолта дамка(macula lutea) со својот центар наречен fovea centralis или централна празнина. Спротивно на ова место постои место каде се собираат нишките на оптичкиот нерв кои заминуваат од рецепторите на стапчињата и чунчињата и на тоа место воопшто нема рецептори па затоа тоа се вика слепа дамка или papilla fasciculi optici.
Леќа(Lens) е преден дел од внатрешната обвивка на очното јаболко или булбусот, сместена е зад ирисот и потсеќа на диск кој е прицврсен со тенки влакнести структури за една кружна испакнатост на средната обвивка која се вика зрачно тело или corpus ciliare. Дебелината на леќата зависи од нејзината акомодациона положба и се движи од 3,7 до 4,4 mm.
Очна водичка - бистра , безбојна течност која се наоѓа во капиларните предели на стаклестото тело и во преднта и задната камара на окото. очната водичка се создава од крвта на три посебни начини (ултрафилтрација, дифузија и дијализа).
Стаклесто тело е безбојна желатинозна маса која и ја држат т.н колоидни нишки а по состав е слична на очната водичка 99% е вода и протеини со колоидно својство.
II. Физиологија на гледање- Physiology of vision
Светлосните зраци се пренесуваат низ серија на проѕирни, безбојни делови на окото. При тоа повеќе пати се прекршуваат (рефракција). Оваа рефракција на светлосните зраци овозможува светлината од многу голема зона да се насочи кон многу мала површина на ретината каде се сместени рецепторите.
Целокупната функција на окото е можна бидејки целокупниот апарат за гледање е насочен кон примање и регистрирање на светлосните дразби кои се одраз на набљудуваните предмети.
Сликата која се опфаќа со погледот се пренесува преку II мозочен нерв во центрите за вид сместени во кората на тилниот - окцитепалниот регион на големиот мозок каде што таа допира до свеста.
Поточно кажано снопот на светлосните зраци кои ги пропушта пупилата или зеницата паѓа на ретината и тука ги надразнува фоторецепторите кои се секогаш трансмисиона станица за пренос на тие дразби до центарот. Спомнавме дека сите делови на ретината не се еднакво надразливи на светлина, најчуствителен дел е централниот дел на жолтата дамка, во која видот е единствено остар а гледаниот предмет сосема јасен.
Снопот на паралелните зраци поминува низ пупилата до леќата во која се прекршува кон центарот на жолтата дамка, во тој центар сите тие зраци се составуваат и го формираат фокусот или жариштето на видот. Способноста на леќата со задебелување или со истенчување на секоја слика која ја фиксирало окото да и овозможи да падне токму во централната вдлабнатина, ова се вика акомодација на леќата и таа секогаш носи изострување на видот.
Способноста за прекршување на светлосните зраци се вика прекршочна јачина и се мери со диоптрии.
Доколку леќата не е способна да се акомодира при гледањето на предметите во далечина или во близина се доаѓа до тоа да фокусот на паѓачкиот сноп на светлосните зраци биде поблиски илии зад централната вдлабнатина па сликата на жолтата дамка да биде матна и неизострена.
Нормалното око т.е око кое со акомодацијата на леќата предметите на определена далечина ги гледа изострено или јсано се вика ементропно око. Спротивно на таквото око, окото чиј фокус на паѓачкиот зрак е зад жотата дамка е далекувидно или хиперметропно око.
хиперопија -далекувидост, кратко очно јаболко фокусирана слика после мрежницата
(предметите треба да се подалеку за да се видат) потребно е носење на конвексни (собирни)леќи.
Онаа око каде фокусот на паѓачкиот сноп е пред жолтата дамка се вика кратковидно или миопно око.
миопија - кратковидост, долго очно јаболко фокусната слика е пред мрежницата
(далечните предмети се нејасни) потребно е носење на конкавни ( растурни леќи).
Гледањето со двете очи се вика бинокуларно гледање, овозможува да се опфати поширок видеокруг одеднаш и гледаниот предмет и слика да се видат просторни и со определена длкабочина на сликата.
Предметите фиксирани во централната вдлабнатина се гледаат истовремено со двата видни центра на тилниот регион во големиот мозок, додека сите други делови на сликата што ги фаќаат другите делови на ретината се гледаат само со едниот од тие два центра.
Имено сите предмети од левата страна на телото се забележуваат со назалната половина (делот кон ност) на левото и со назалната половина(делот кон носот) на десното око и се пренесуваат во десната хемисфера на големиот мозок, а сите предмети од десната страна на телото се забележуваат со назалната половина(делот кон носот) на десното око и со латералната(страничната) половина на левото око тие се пренесуваат и се гледаат само во левиот виден центар, тоа е поради вкрстувањето на медијално положените нишки на ΙΙ мозочен нерв.
Во жолтата дамка сликата што се формира е намалена и превртена, во центарот за вид добиената слика се претвара во вистинска, исправен и со нормална големина.
How we see
Едукативно видео за сетило за вид.