Клеточна градба на живите организми
Cellular construction of living organisms VII
Primary education
Градбата на сите живи организми, се разгледува од едноставните кон посложените нивоа. Секој жив организам има клеточна структура. Клетка претставува основна составна единица на секој жив организам. Таа е единствената структура што ги покажува сите каректреистики на животот: растење, осетливост, размножување и.т.н.
Деталните проучувања на клетките почнале пред повеќе од 350 години со пронаоѓањена микроскопот од страна на Ентони ван Левенхук(Antony van Leeuwenhock).
Клетките се делат според најразлични критериуми,постојат животински и растителни клетки, клетки кои ги градат животинските и растителните организми. Но основната поделба е на прокариотски клетки кај бактериите и еукариотски клетки, клетките на растенијата, животните и човекот.
1. Животинска клетка
- Клетката е изградена од клеточна мембрана, цитоплазми и органели
- Однадвор клетката е обвиткана со клеточна мембрана.Клеточната мембрана е многу важна, бидејќи таа одредува што може да влезе, а што да излезе од клетката.
- Цитоплазмата е полутечна маса со зрнеста структура, изградена од вода и растворени хранливи материи. ВО цитоплазмата се вршат животните функции на клеката ии во неа се сместени клеточните органели.
Јадро - најголема оранела и е наречен контролен центар на клетката, односно ги контролира сите процеси кои се случуваат во клетката.
Митохондрии - мали но многу важни органели во клетката. Тие имаат топчест изглед, и во нив храната се претвара во енергија,поребна за самата клетка и за самиот организам.
Рибозоми - ситни телца се наоѓаат во цитоплазмата или на површината на ендоплазматичниот ретикулум, учествуваат во созадавњето на протеини во клетката.
Ендоплазматичен ретикулум - секогаш се наоѓа веднаш до јадрото и претсавува еден систем од канали или цевки созадавајќи мрежа во цитоплазмата.
Развитокот, растењето,заздравувањето на повредите и зголемувањето на телесната тежина на еден организам се објаснува со зголемување на бројот на клетките. За таа цел клетките се размножуваат т.е. се делат.
2. Растителна клетка
Во поглед на градбата клетката е многу сложен систем, истото важи и за животинската и за растителната клетка.
Растителната клетка ги гради растителните организми. Основни делови на растителната клетка се клеточниот ѕид кој претставува нежив дел протоплазма односно жив дел во чиј состав спаѓаат, цитоплазмата и клточните органели кои имаат различни функции.
Клеточниот ѕид е цврста и едноставна обвивка која ја покрива и на тој начин заштитува секоја растителна клетка.Клеточниот ѕид ја определува формата на клетката, галвна состојка е шеќерот наречен целулоза која претставува основна скелетна супстанца на клеточниот ѕид. Клеточниот ѕид се карактеризира со целосна пропустливост, што условува водата и растворените материи лесно да се пренесуваат преку т.е низ клеточниот ѕид.
Веднаш до клеточниот ѕид се наоѓа клеточната мембрана која ги има истите функции како и кај животинската клетка.
Вакуолите се органели на растителната клетка. Тоа се простори во цитоплазмата ограничени со мембрана, се исполнети со растворени органски и неоргански соединенија во вода. Растителната клетка може да има една централна вакуола или повеќе вакуоли.
Палстиди - Пластидите се постојани клеточни органели, каракатеристични за растителните клетки. Според пигментацијата, тие се поделени на три различни групи:
Леукопласти
Хлоропласти
Хромопласти.
Леукопластите се безбојни пластиди, не содржат пигменти, имаат топчеста форма, имаат можност да складираат хранливи материи и повеќе се присутни во клетките на подземните органи кај растенијата. Тие на светлина може да преминат во хлоропласти, односно да позеленат.
Хромопласти се пластиди кои ги има во цветот и во плодот, може да имаат различна боја, жолта, црвена или портокалова. Хромопластите може да се развијат од леукопластите и хлоропластите.
Хлоропластите се зелени пластиди, кои се сретнуваат во надземните органи кај растенијата, давајќи им на истите зелена боја поради присуство на пигмент хлорофил. Важни органели кај растителната клетка кои се потребни за процесот на фотосинтеза.
Кај растителната клетка исто така среќаваме, јадро, митохондрии, ендоплазматичен ретикулум, рибозоми како кај животинската клетка и тие ги имаат истите функции како кај животинската клетка.
Едукативно видео за растителна и животинска клетка:
Погледнете го едукативното видео за микроскопирање.
Видео за клетка. Кликнете ТУКА.
Видео за растителна и животинска клетка. За да го погледнете видеото кликнете ТУКА