Monday, October 14, 2019

Ендокрин систем и хормонска регулација VIII одд


Хормони, хормонска регулација или ендокрин систем 
Еndocrine system


Primary education  


     Во човечкиот организам постојат жлезди што немаат одводни канали и тие своите продукти ги излачуваат непосредно во крвта.Овие жлезди се наречени жлезди со внатрешно лачење или ендокрини жлезди кои го прават ендокриниот систем, производите кои ги лачи овој систем се инкрети(incret) или хормони
  За разлика од нив постои и егзокрини жлезди кои своите продукти ги лачат надвор од крвта или од системот, такви жлезди се плунковите, лојните, потните и нивните продукти се  наречени excret.
Ендокриниот систем и нервниот систем  ги упаравуваат и координираат сите функции на човечкиот организам. Работата на  овие системи е координирана за да функционира човечкиот организам.

Хормоните се биолошки материи што ја управуваат работата на одредени клетки или органи во организмот,се испуштаат директно во крвта бидејки немаат канали и се пренесуваат до сите делови од организмот. 
Тие го регулираат  растот, развојот, размножувањето и други  процеси во организмот.

Хормоните според градбата може да бидат:
  1.  белковини
  2.  строиди односно изградени од масти.

Секој хрмон си има мета или целно ткиво каде што дејствува. Онаму каде што треба да дејствува хормонот, клетката на нејзината клеточна мембрана има приемник или рецептор  со кој се поврзува хормонот со што започнува неговото дејствување на целното ткиво.













Ендокрииот систем го создаваат следните ендокрини жлезди:

1. Хипофиза(glandula pituotaris)
2.Епифиза (glandula pinealis)
3.Штитна- тироидна жлезда (glandula thyroidea)
4.Параштитни -Паратироидни жлезди (glandula parathyroidea)
5.Надбубрежни жлезди (glandula suprarenalis)
6.Панкреас (pancreas)
7.Полови жлезди(Gonadi)
                   - машки полови жлезди, сменци (testis)
                   - женски полови жлезди, јајчници(ovarium)
8.Тимус-Градна жлезда(thimus)
























     1. Хипофиза

     Најважна ендокрина жлезда, која е сместена на базата на големиот мозок во коскена вдлабнатина на клинестата коска -(sela turcika), заобиколена е со коска од сите страни освен на местото од каде што излегува хипофизната дршка и се поврзува со мозокот. Градена е од 3 резни, преден, среден и заден резен или дел, кај човекот средниот дел е многи мал и речиси не постои, таа лачи свои сопствени хормони.

1. Предниот резен лачи т.н стимулирачки хормони, кои имаат дејство  врз функцијата на другите жлезди во организмот.Токму затоа е наречена жлезда диригент  или главна жлезда

Од предниот резен се лачат:

 - Соматотропен хормон или хормон за растење кој дејствува на повеќе телсни ткива и ја стимулира синтезата или создавањето   на протеини потребни за растење на телото.
 - тиреостимулирачки хормон TSH (ја стимулира работата на тироидната жлезда)
 - ACTH-адреникортикотропен хормон  кој ја регулиира работата на надбубрежните жлезди.
Пролактин ја стимулира работата на млечните жлезди
Гонадотропни хормони  кои стимулираат раст и развој на репродуктивните системи кај мажите и кај жените.

Постојат и други хормони кои се лачат од предниот резен на хипофизата . Заедничко за сите нив е дека  скоро целосно се контролирани од хипоталамусот. 
До хипоталамусот доаѓаат информации од целиот нервен систем со помош на кои информации се овозможува нормално функционирање на организмот.

2. Задниот резен на хипофизата е продожен дел на хипоталамусот  и е нервно ткиво, од него се лачат два хормона
- антидиуретичен хормон регулира намалено исфрлање на вода преку урината
-окситоцин хормон кој има повеќе функции односно стимулира контракција на мазната мускулатура односно мускулатурата на внатрешните органи.



2. Тироидна жлезда 


    Жлезда која се наоѓа во предниот дел на вратот, пред ларингалните 'рскавици на кои е прицврстена. Се состои од три резни(2 лобуса и 1 истмус-врска меѓу лобисите) кои се градени од жлезден епител, е најголема од ендокрините жлезди. Хормони на тироидната жлезда се : 
- тироксин или Т4
-тријодтиронин Т3.
Основен хормон е сепак тироксин бидејќи го има повеќе во крвта. За синтеза на овие хормони е потребен јод.Таа  е регулатор на метаболизмот во целото тело, ја зголемува активноста на многу ензимски процеси, ја забрзува апсорпцијата на гликоза во клетките го намалува количетвото на масти во крвта и во црниот дроб.


3. Надбубрежни жлезди

Двојна жлезда со триаголна форма, сместена на горниот дел од бубрезите, големина колку костен и има два функционални дела, кора е надворешен жолт дел и внатрешен  кафен наречен средина или срцевина.
Од кората се лачат околу 40 хормони  но се издвоени три посебни групи на хормони кои имаат улога во метаболизмот на јагленохидратите, и регулирање на електролитната рамнотежа  односно метаболизам на натриум и калиум.
Од срцевината се лачат  два хормона тоа се:
- адреналин 
- норадреналин
    Дејствата на двата хормони се слични  познати се како стрес хормони или хормони за борба и бегање. Некои позначајни дејстава се: зголемување на базален метаболизам и приспособување кон студ и физички напор, ги стеснува малите крвните садови, а ги зголемува крвните садови на срцето у напречно пругастите мускули во активните органи и ткива.
Кректеристично за надбубрежните жлезди е што лачат мала количина на полови хормони во раниот развоен период .


4. Панкреас 

   Жлезда која е сместена  под желудникот, има две функции.
1.  Учествува во дигестивниот систем во кој лачи ензими за разложување на храната и со посебен канал продуктите кои ги лачи ги излива во дванаесетпалачното црево. 
2. Како ендокрина жлезда  е исклучително важна, го лачи инсулинот  кој учествува во регулирање на прометот на шеќер во крвта. 
Овој хормон ја намалува концентрацијата на гликоза во крвта и тоа го прави со потикнување на преминувањето на гликозата низ клеточната мембрана во клетките. Веднаш по влегувањето гликозата согорува односно метаболира и се добива потребната количина на енергија на органзимот. 
Недостаток на инсулин доведува до хиперглокемија(зголемено кличество на гликоза)  што се манифестира со болеста дијабетис или шеќерна болест,  при што во крвта има голема количина на шеќер, при што во урината има присуство шеќер, што во нормални услови не смее да се случи. Постојат неколку типови на дијабетис.
Друг хормон кој го лачи панкреасот е  глукагон  и има спротивно дејство од инсулинот и доведува до зголемување на гликозата во крвта во моменти кога недостасува шеќер во организмот.


5. Полови жлезди 

   Половите жлезди исто така имаат двојна функција, едната функција е;      1. создавање на полови клетки, 
 2. другата е создавање на полови хормони
Во машките полови жлезди се создаваат машки хормони најважен е тестостеронот кој влијае на функцијата на машките полови органи и појава на секундарни полови каректеристики.
Во женските полови жлезди  се создаваат женски хормони најважен е естрадиолот кој влијае врз развојот на женските полови органи и појава на секундарни полови женски каректеристики, друг значен хормон е прогестерон негова важна функција е одржување на бременоста.

Други ткива кои создаваат хормони 

  Постојат одредени ткива кои лачат  т.н ткивни хормони и може да дејствуваат само на местото на ислачување но постојат и ткави кои се излачуват во цикулаторниот систем. Такви се :
- еритропоетин кој стимулира создавање на нови еритроцити
- гастрин се лачи во желудникот стимулира дигестија.

Плацентата за време на бременоста создава некои хормони  кои предизвикуваат промени во слоевите на матката. 

Градната жлезда  која се состои од лимфно ткиво има важна улога во имуитетот.

Паратироидни жлезди сместени зад тироидната жлезда кој го регулаира количетвото на калциум во телото.

Едукативно видео за ендокрин систем.



Едукативно видео со македонски титл кликни ТУКА