Полен, опрашување и оплодување
Pollen, pollination and fertilizatio IX
Primary education

Опрашување

Опрашувањето може да се изврши на повеќе начини, но во основа се разликуваат 2 начина:
- самоопрашување
- вкрстено опрашување
Вкрстено опрашување се сретнува почесто кај растенијата. Тоа се состои во пренесување на поленот помеѓу два цвета на една индивидуа или на две индивидуи.
Според тоа на кој начин се пренесуваат поленовите зрна, разликуваме три вида на опрашување:
- со ветер - се опрашуваат оние растенија со ситни и неугледни цветови, без венечни ливчиња и создаваат огромен број на поленови зрна
- со животни - се опрашуваат најголем број на растенија тоа се врши со помош на инсекти и птици колибри, ноќни пеперутки и лилјаци
- со вода - се опрашуваат водените растенија.

Оплодување
Образување на машки полови клетки - машки гаметофит /микрогаметофит
Јадрото на поленовото зрно се дели на
две јадра и на тој начин во поленовото зрно се создаваат две клетки.
Едната клетка е поголема и е наречена вегетативна,а другата е помала и се
вика генеративна клетка.
Генеративната
клетка понатаму се дели уште на две клетки-спермални
клетки,кои се способни да
извршат оплодување.
Образување на женска полова клетка-женски гаметофитм макрогаметофит
Клетката мајка на ембрионалната торбичка
во плодникот ,се дели на 4 клетки кои се во една низа.Трите клетки закржлавуват
и исчезнуваат,а четвртата се развива во ембрионална торбичка.
Младата ембрионална торбичка има едно
јадро кое се дели најпрво на две,а потоа секое од нив на уште четири,кои се
наоѓаат на горната и долната страна.
Од секоја група јадра се издвојува по едно јадро кои постепено се приближуваат
кон средината на ембрионалната ќеса каде се спојуваат во т.н секундарно јадро на ембрионалната ќеса или
централно јадро.
На двете страни од ембрионалната ќеса
сега се наоѓаат по 3 јадра околу кои се собира протоплазма и се образуваат 3
клетки.
Трите клетки се нарекуваат антиподи,а другите три клетки го градат
јајниот апарат.
Во јајниот апарат средната клетка е поголема и се развива во јајна клетка,а другите две се
нарекуваат клетки помошнички или
синергиди.

Едукативно видео за оплодување
Едукативно видео за полово размножување кај растенијата кликнете тука.